Без осуди

Пред неколку години живеев само за следната доза. Секое утро се будев со ветување дека ќе престанам, а секоја вечер повторно паѓав. Ги изгубив довербата на моето семејство, пријателите, работата и, најважно од сè, самиот себе. Имаше денови кога мислев дека мојот живот нема никаква вредност. Гледав како сите околу мене страдаат поради моите одлуки, а јас не знаев како да излезам од тој круг. Тогаш слушнав за рехабилитација во Нарконон Балкан. Искрено, бев скептичен. Претходно имав пробано разни начини, но секогаш се враќав на старото. Сепак, решив да си дадам уште една шанса.
„Од првиот ден почувствував дека сум на место каде што не ме осудуваат. Чекор по чекор почнав да си го враќам здравјето, самодовербата и желбата за живот.“
Од првиот ден почувствував дека сум на место каде што не ме осудуваат. Чекор по чекор почнав да си го враќам здравјето, самодовербата и желбата за живот. Не беше лесно, но за првпат по долго време почувствував дека навистина можам да живеам без дрога. Денес сум повторно дел од моето семејство. Повторно работам, имам цели и планови. Родителите повторно ми веруваат, а најголемата награда е што можам мирно да се погледнам во огледало и да бидам горд на човекот што станав. Ако сега некој го чита ова и мисли дека е предоцна, сакам да му кажам дека не е. И јас така мислев. Но, постои излез ако направиш прв чекор.
Г.Г., Студент во Нарконон Балкан


