Благодарен на себеси

Narconon Balkan
(Слика од antstang/Shutterstock.com)
 

Моето минато беше составено од лаги и непочитување на животните правила, непочитував никакви морални кодекси ниту па луѓе покрај мене. Уствари со ова, јас ни сам не се почитував. Постојано се лажев сам себе и сите околу мене, не си признавав дека имам проблем со зависност цели 20 години.

20 години јас бев фатен во сопствена стапица, бев роб на пеколот кој сам си го создадов! Моментот кога одлучив да го променам мојот живот беше моментот кога се приклучив во Нарконон и почнав да ги почитувам сите правила на центарот.

Од денот кога дојдов јас престанав со манипулации и лаги, почнав да бидам искрен првенствено пред себе па потоа према луѓето кои ми помагаат. Ова ми донесе еден прекрасен соживот со персоналот во текот на програмата и сфатив каков лош пример сум бил предходно за општеството.

„Ова ме ослободи од сопствената стапицата, и ми ја крена мојата самопочит на ниво кое никогаш не била предходно.“

Ова ме ослободи од сопствената стапицата, и ми ја крена мојата самопочит на ниво кое никогаш не била предходно. Многу сум благодарен на себеси што донесов важна и исправна одлука за својот живот и што постанав чесен!

В.С. студент во Нарконон Балкан


АВТОРОТ

Narconon Balkan

НАРКОНОН БАЛКАН

ЕДУКАЦИЈА И РЕХАБИЛИТАЦИЈА ОД ДРОГА

Добијте помош сега
ЈАВЕТЕ СЕ НА