Денес Сум Среќен Човек

Среќен млад човек

Кога ќе погледнам наназад на моите почетоци со алкохол и дрога, можам да кажам дека јас сум почнал да земам алкохол за да се допаднам на другите, со цел да се вклопам во нивната средина. Уште како дете тоа ми изгледаше многу нормално зашто повеќето луѓе околу мене го правеле тоа. Секојдневното гледање на сето тоа ме поттикна и мене и јас да почнам да користам алкохол. За време на средното училиште се сретнав со еден нов живот, повеќе обврски, различни другари. На почетоците на средното училиште татко ми беше во многу лоша состојба како последица од неговата зависнот од алкохол, не можеше да функционира нормално. Многу сакав да му помогнам, но не знаев како. Тоа незнаење направи да се повлечам од мојата замисла. Почнав да користам марихуана, не секој ден, си мислев дека со тоа ќе се решат проблемите, споредна улога во тоа изиграа и тогашните другари од кои бев информиран за марихуаната и тие информации за мене во тоа време беа факти реално поткрепени со по некој мафијашки филм од ТВ околу дрогата и тоа ми беше доволно да започнам со марихуаната. Првите пати бев еуфоричен, среќен зашто се чувствував убаво и заборавав на работите кои беа лоши и работите кои треба да ги правам во иднина, ги заборавав барем за некое време. Татко ми почина, голема загуба за мене. Што понатаму?

На 16 години станав талкач без цел. Почнав уште повеќе да консумирам марихуана, тоа ми стана секојдневна рутина, повлечен од семејството, неспособен за една работа да ја завршам до крај.

Се обидував да го преспијам и да не го погледнам вистински тоа што мене ми се случуваше. Ги изневерив сите очекувања од моето семејство.

Продолжив со екстази, амфетамини, журки и се повеќе бев без пари, повлечен и си живеев во некој свој филм дека сум многу успешен.

Навлезен веќе во светот на дрогата, почнав да слушам и за некакви опијати, како те спуштаат после некоја дрога која те крева. Прво пробав дијазепам, трамадол и ред други седативи зашто хероинот се уште ми бше претставуван како многу страшна дрога. После извесен период се решив да пробам хероин. Само еднаш—си реков, исто беше и со сите претходни дроги—само еднаш ќе пробам и ќе престанам. Почнав да земам хероин само преку викенди. Наместо да излегувам и да се дружам, јас со парите коишто ги имав ќе земев хероин и така скаменет уживав во неговото дејство. Вакви ми беа почетоците со сите други дроги.

Незаинтересиран и неодговорен за ништо, ниту за семејството, ниту за девојки, училиште, ниту пак имав желба да успеам во нешто.

Бев заинтересиран за брзи пари—нелегално. Бев тотално контролиран од дрогите, јас немав никаква контрола врз мојот живот.

Од другари добив и совет да пробам со терапија на психијатар. Добро е на време што се тргнав од тоа. Психијатарот ме прими како пациент, ме ислуша на кратко и ми препиша бупренорфин. Ме испрати да си го купам во аптека како легален лек за хероинот. Го консумирав два пати по околу месец и пол—два, немав никаква потреба за улична дрога, но како ќе престанев да го земам бупренорфинот веднаш се враќав на хероинот и земав дупло повеќе од претходно и тогаш почнав и да се фиксам, затоа што бупренорфинот е премногу јак и претходната количина хероин што ја користев не ме задоволуваше.

Отпишан од семејството, блиските—останав сам, без пари, почнав да крадам. Крадев од кај што ќе можам, со денови не се враќав дома. Слушнав исто и за метадонот како лек за хероинот. Ми беше многу поeфтин од хероинот и со подолго дејство и почнав да си го купувам на црно. Многу појак и полоши последици од било која дрога. Се направив како зомби, стани, боцни се, стонирај, разбуди се, пак боцни се и цело време тоа.

Станав уште еден маркиран пациент кој е лесен за контрола преку легална дрога.

Денес се поминати две години од кога го завршив Нарконон Програмот.

За мене повеќе не важи правилото еднаш наркоман-засекогаш наркоман. Сега луѓето не можат ни да ме препознаат дека некогаш сум користел дроги, ако јас самиот не им кажам.

Нарконон Програмата ме направи човек каков што сум денес.


С.С. - ДИПЛОМЕЦ НА НАРКОНОН ПРОГРАМАТА

АВТОРОТ

Narconon Balkan

НАРКОНОН БАЛКАН

ЕДУКАЦИЈА И РЕХАБИЛИТАЦИЈА ОД ДРОГА

Добијте помош сега
ЈАВЕТЕ СЕ НА