Дознав колку е скапоцен животот

Дознав колку е скапоцен животот

Пред да дојдам тука во Нарконон се чувствував ужасно лошо. Бев навлечен на хероин и на други улични дроги. Се ми изгледаше црно во животот. Бев мизерен, немав ни грам достоинство и само мислев на дрога , зборував за дрога, земав дрога, дури и најнедостапните работи ги поврзани со дрога. Дојдов до степен да ми е потребно многу дрога за да функционирам “ нормално. “Почнав да тонам . Бев разочарам од животот и најмногу од себе. Сакав да престанам , но не знаев како. Дрогите ме направија безчувствителен . Не можев да функционирам нормално. Крадев, лажев. Сето ова што ми се случуваше не беше веќе нормално ниту пак интересно.

Тогаш решив да побарам помош од мојата мајка и таа ми помогна да дојдам во Нарконон Балкан и да почнам со Програмата.

Ги поминав многу полесно од очекуваното првите кризи, секако со огромната помош од волонтерите. Почнав да се чувствувам многу поубаво; почнав да се смеам, ми се зголеми апетитот. Почна радоста пополека да расте во мене.

Ја почнав и завршив Програмата за Прочиствување. Тука го исчистив моето тело од отровите.Почнав подобро да спијам и енергијата ми се зголемуваше.

Почнав да осознавам колку е скапоцен животот. Почувствував дека е можно да се биде среќен, радосен, задоволен од мали нешта.

Како што продолжив понатаму да ја изучувам Програмата почнав да дознавам многу корисни информации со коишто претходно никогаш не сум се сретнал, најдов одговори на некои прашања кои ме мачеа многу во минатото.

Си го спасив животот. Почнав да функционирам нормално. Почнав да успевам и да напредувам како никогаш досега.

Со гордо крената глава одам напред во животот.

С.Х. Студент во Нарконон Балкан

АВТОРОТ

Narconon Balkan

НАРКОНОН БАЛКАН

ЕДУКАЦИЈА И РЕХАБИЛИТАЦИЈА ОД ДРОГА

Добијте помош сега
ЈАВЕТЕ СЕ НА