Факти за трамадолот

Трамадолот е лек кој спаѓа во групата на аналгетици опијати, главен елемент кој го содржи е морфиум. Во медицината се користи како лек кој спречува/ублажува болки. Трамадолот не е лек кој се користи еднократно со цел да спречи некоја конкретна болка туку се користи во случај на големи болки како болки предизвикани од рак и се конзумира на 6 до 8 сати. Постои како капсула / апче од 50мг и 100мг и како инекција.

Трамадолот делува како слаб агонист, хемиско соединение кое се врзува за рецептор и ја потиснува неговата функција (во овај случај опиодниот рецептор), лачи сератонин (хормон за среќа) и лачи норадреналин т.е. норепинефрин (хормон кој спаѓа во групата на катехоламини). Често се комбинира со парацетамол поради фактот дека оваа комбинација делува по ефикасно во ослободувањето од болка.

Трамадолот во Македонија се почесто се злоупотребува, и тоа најчесто кај зависниците од хероин. Можe да се купи со рецепт од лекар но е лесно достапен и на црниот пазар. За краток период создава голема зависност и зависниците почесто ја зголемуваат дозата.

Ментални несакани ефекти предизвикани од трамадол:

  • Вртоглавица
  • Главоболка
  • Поспаност
  • Нервоза
  • Анксиозност
  • Тремор
  • Иритираност
  • Еуфорија
  • Емоционална нестабилност
  • Халуцинација
  • Конфузија
  • Делириум
  • Проблеми со спиње

Физички несакани ефекти предизвикани од трамадол:

  • Повраќање
  • Диареја
  • Тегоби во стомакот
  • Анорексија
  • Надуеност
  • Сува уста

Знаци на прекумерено користење на трамадол:

  • Дизориентација
  • Тешкотии во дишењето
  • Напади
  • Епилепсија
  • Болки во градите
  • Болки во мускулите
  • Болки во коските

Моето искуство со трамадол

“Трамадолот почнав да го пијам на 16-17 години, на почеток пиев по 3 до 5 капсули и се чувствував одлично, се трудев 24 сати да бидам на него и капсулите ги пиев на 6-7 сати. Со месеци ми се немаше појавено болка или неудобност но секогаш кога нема да се снајдев и прескокнев доза, почнуваше да ми се гади и да осеќам болка во грбот, знаев дека ако за брзо не земам болката ќе стани уште појака. Набрзо почнав да пијам по 7-8 трамадоли на 12 сати плус диазепами, лексилиуми, амизоли и други седативи. За само 7 месеци од моето прво апче трамадол јас дневно пиев по 30 апчиња од кој 15 беа трамадоли. Деновите ги поминував несвесно во лежење, неможев да продолжам со образованието, ослабев за 20 кила, ги изгубив другарите, имав чувство дека ништо не ми оди во животот. Во мене немаше живот. Не можејки да престанам ситуација се влошуваше, полека полека почнав да пијам и други апчиња како празине, хелекс, асентра, менделекс, лепонекс, назинан и завршив во ментална институција. Најубавите 6 години од животот ги поминав несвесно во магла како зависник од трамадол.” - Ф.Ф.


Во Narconon програмата за рехабилитирање од зависности, секој човек има шанса за решавање на проблемите кои довеле да користат опијати. Тие се водени низ процесот да се опорават од уништување на телото, душата и односите што ги предизвикува зависноста од дрога. На крајот, тие се стекнуваат со вештини за животот кои ќе им помогнат да останат чисти и посветени на целта да живеат здрав и среќен живот.

Ако имате некои прашања или знаете некој на кого му треба помош, посетете ја нашата веб страна www.narconon-balkan.org или јавете се на +389 4380 0097.

АВТОРОТ

Narconon Balkan

НАРКОНОН БАЛКАН

ЕДУКАЦИЈА И РЕХАБИЛИТАЦИЈА ОД ДРОГА

Добијте помош сега
ЈАВЕТЕ СЕ НА