Го победив најзлобниот непријател на денешницата

(За да ја зачуваме приватноста, сликата која ја прикажуваме не го прикажува директно Нарконон студентот или студентот кој има завршено Нарконон програм.)

Од депресивен човек без цели кој што сакаше да го одземи својот живот и на тој начин да го прекине пеколот низ кој поминуваше, до човек кој што е полн со желба да живее и со јасна визија за животот. Пред да дојдам на програмата на Нарконон Балкан бев во една замка и се вртев во еден круг во кој само се уништував себе си и сите околу мене.

„Најдобрата одлука во мојот живот беше доаѓањето во Нарконон.“

Специјалистите за одвикнување, витамините и минералите се погрижија почетниот период да огу помине со леснотија. Потоа почнав со детоксикација на моето тело и буквално сите токсини со тој процес се елиминираа. Ми се врати апетитот и почнав да размислувам попозитивно, успеав да го ресетирам биолошкиот часовник. Најдобрата одлука во мојот живот беше доаѓањето во Нарконон.

Благодарение на вежбите за обука станав способен да комуницирам на повисоко ниво, започнав да се соочувам со предизвиците, научив како да се справувам со проблемите, да имам контрола и да бидам истраен во постигнувањето на моите цели. Ми се зголеми свеста и многу работи ми станаа појасни, ги вратив изгубените способности и имам подобрување во моите перцепции.

Научив со какви луѓе треба да се дружам и кои траба да ги оддалечам од мојот живот, да увидам што е причината за мојата нестабилност и да се справам со тоа. Научив правила за чесен и среќен живот, и го разрешв механизамот по кој несвесно континуирано грешев во мојот живот. Научив формули и чекори како да имам контрола да го подобрувам својот живот и да ставам крај на проблемите од минатото. Многу сум среќен што го победив најзлобниот непријател на денешницата и го вратив мојот живот назад!

Студент на Нарконон Балкан – Б.С.

АВТОРОТ

Narconon Balkan

НАРКОНОН БАЛКАН

ЕДУКАЦИЈА И РЕХАБИЛИТАЦИЈА ОД ДРОГА

Добијте помош сега
ЈАВЕТЕ СЕ НА