Годината после Нарконон програмата

дипломец
(За да ја зачуваме приватноста, сликата која ја прикажуваме не го прикажува директно Нарконон студентот или студентот кој има завршено Нарконон програм.)
 

Со огромно задоволство би сакал да ги споделам моите придобивки после една година од успешно завршување на Нарконон програмата и веќе можам за себа да кажам со гаранција дека останувам DRUG FREE личност, и ве уверувам дека нема поубаво чуство од тоа. Програмата беше само почеток на моите конструктивни промени каде стекнав знаеење и способности да станам повторно прво здрава, среќна и успешна личност, она и што ми беше целта. Доживотно ќе сум благодарен на сите оние кои што беа инволвирани во цел тој процес и секогаш ќе бидам дел од големата фамилија на Нарконон Балкан. Денес со многу голема сигурност можам да кажам дека сите тие пороци кои сум ги користел и ми наштетиле премногу се веќе минато, не ми се опасност никаква, се една апсолутна 0. Ги има насекаде низ општествово, ги има насекаде околу мене, но немаат никаво влијание повеќе на мене. И нема поубаво чуство од тоа да сте вистински победник.

Успеав да си ја постигнам целта што ја имав уште додека бев на програм а тоа беше да се вратам во околината каде што сакам, да работам што сакам и така и се случи успеав во тоа и сега функционирам во една динамична средина со многу можности за напредувања без никакви ограничувања и стравови дека повторно ќе се вратам на старите навики.

„Имаме вие од Нарконон Балкан и јас 100% успех.“

Имаме вие од Нарконон Балкан и јас 100% успех. Ментално, емотивно и физички сум во одлична состојба, стабилен и постојам напредувам, сум среќен, исполнет и успушен. Секој дневно постигунувам нешто од зацртаните цели. Мојте промени се видливи, тоа го препознаваат и луѓето околу мене. Затоа што ги зацврстив врските со фамилијата, со пријателите, со колегите и со сите оние што ми се драги и често добивам потврда за тоа. Имам јасна визија и цврста намера како сакам да живеам и каков сакам да ми биди животот. Фокусиран сум на напредок и успех во секој еден аспект од животот и тоа се случува. Тоа е мојот mianset и нема менување.

Ова е мојата реалност и прекрасно е што сум на оваа страна. Уште еднаш сакам да изразам огромна благодарност до цел тим на Нарконон Балкан и сум среќен уште повеќе што можам со вас да ги споделам сите мои достигнивања, задоволството е огромно.

Игор дипломец на Нарконон Програмата


АВТОРОТ

Narconon Balkan

НАРКОНОН БАЛКАН

ЕДУКАЦИЈА И РЕХАБИЛИТАЦИЈА ОД ДРОГА

Добијте помош сега
ЈАВЕТЕ СЕ НА