Границата е таму каде што јас ќе ја поставам

Photo by Xan Griffin on Unsplash
 

Што се Објективите на Нарконон?

Кога некое лице користи дрога или алкохол, станува интровертиран и се фокусира на својот бурен внатрешен живот. Дрогите за возврат ја намалуваат вознемиреноста, а кога ќе се отстранат за прв пат, физичките и менталните болки може да бидат огромни. Објективите, кои се користат во текот на програмата на Нарконон, го „екстровертираат“ студентот, насочувајќи го неговото внимание од неговото болно тело и ум кон непосредната околина. Ова помага да се извлече лицето од минатото во сегашноста.


Приказна за успех од студент кој што го заврши чекорот Објективи

Објективи… Секој ден поминат на овај курс беше незаменливо чувство, сега сфаќам дека секој ден сум поминувал низ различни врати каде што научив како да бидам подобар човек од тоа што бев. Научив дека најважната борба во мојот живот е таа што ја водам сам со себе, а најголемо достигнување е тоа што излегов како победник од таа борба.

Повеќе не се задоволувам со малку, сега во животот имам повисоки стандарди и имам поголеми цели. Трудот кој го вложувам во себе веќе е очигледен и нема никогаш да престанам да работам на тоа да си докажувам на себеси дека можам да постигнувам повеќе и повеќе. Границата е таму каде што јас ќе ја поставам!

Студент на Нарконон Балкан – Ѓ.Ч.


АВТОРОТ

Narconon Balkan

НАРКОНОН БАЛКАН

ЕДУКАЦИЈА И РЕХАБИЛИТАЦИЈА ОД ДРОГА

Добијте помош сега
ЈАВЕТЕ СЕ НА