Имагинација и лажно претставување

Addict

Во почетокот на навлегувањето во дрогите бев со резервираност, но со слушање и разговарање со луѓето и пријателите кои беа околу мене и нивното објаснување дека тоа не е ништо лошо, ништо штетно и дека размислувањата под дејство на дрога се на повисоко ниво од нормалното, тоа ми даде некоја лажна сигурност да пробам и јас.

Од почетокот знаев дека правам нешто што е забрането со закон и тоа ми даваше чувство на возбуда, адреналин и мисла дека секојдневно дознавам, осознавам нови нешта за кои не би знаел ако не сум почнел да земам дроги. Станав суетен.

И така полека во течението на мојот живот почнував да уклучувам некои други нови дроги и да го зголемувам спектарот на штетни супстанции кои ги внесував во моето тело. Со тоа почнав да се менувам и јас. Станував мрзелив, неодговорен и себичен. Почнав да се затворам во тесен круг на “пријателство” и да ги избегнувам луѓето кои имаат вистински вредности и тотално да се одделувам од свесното и здраво општество.

Во овај период имав расправии и несогласувања со семејствот, немаше ден да нема некој проблем или да не излези некој нов проблем. Колку и да се трудев не можев да се помрднам од таа мртва точка. И од ведар, дружељубив, позитивен човек се претворив во личност како да му се срушило цел свет врз него. Го изгубив сјајот во очите, ми станаа жолти и намрштени и заборавив да се смеам.

“Со наивно пристапување кон дрогата не е возможно да не го уништиш животот и животот на твоите најблиски.”

Тогаш по долго размислување сватив дека сето тоа било имагинација и лажно претставување од луѓе кои не би имале право да кажуваат што е убаво, бидејки ги немаат видено вистинските убавини кој ги нуди животот. Со наивно пристапување кон дрогата не е возможно да не го уништиш животот и животот на твоите најблиски.

Студент од Нарконон – Балкан А.И.


За да ја зачуваме приватноста, сликата која ја прикажуваме не го прикажува директно Нарконон студентот или студентот кој има завршено Нарконон програм.

АВТОРОТ

Narconon Balkan

НАРКОНОН БАЛКАН

ЕДУКАЦИЈА И РЕХАБИЛИТАЦИЈА ОД ДРОГА

Добијте помош сега
ЈАВЕТЕ СЕ НА