Ја победив зависноста

Уникатната Програма на Нарконон дава неспоредливи и исклучителни резултати. Ви помага да се ослободите од зависноста и повторно да си го изградите вашиот живот без дрога.

Дипломец од Нарконон Балкан го споделува својот успех постигнат благодарение на Нарконон Програмата.

Јас како долгогодишен зависник од дрога, лекарства, алкохол, само тука успеав да си го решам мојот проблем. Како секој зависник бев на разни места (психијатри, манастири, болници…), но никаде не сум го постигнал посакуваниот резултат – целосно рехабилитиран од зависноста.

На почетокот ми беше тешко додека се навикнам, но со секојдневната помош од вработените, примањето посебни масажи, пиење витамини, правење прошетки многу побрзо ми поминаа кризите отколку што очекував, бидејки на другите места каде што бев пиев лекарства за да се смирам, а тука ме смируваа природата, езерото и чистиот воздух и позитивната комуникација меѓу луѓето.

Потоа кога направив детоксикација, кога комплетно го исчистив моето тело од непотребните отрови се чувствував потполно нов во телото, кожата ми е како на бебе, влакното од косата ми е меко како ново и се поправив 15 кг. Потоа во академија си ги средив мислите, ми се вратија емоциите ми се врати самодовербата и конечно имам контрола над мојот живот; со мојата фамилија си ја вратив комуникацијата, повторно и се сложуваме како никогаш досега и ме поддржуваат во секоја моја одлука.

Она што направи да се чувствувам како нов човек и како никогаш да не сум бил зависник од дрога е Уникатната Нарконон Програма: Многу витамини и минерали, сауна и секојдневното трчање ме вратија во кондиција, едукативниот дел каде што со помош на вежбите ми се врати самодовербата, емоциите и ја најдов причината поради која сум грешел и сум посегнувал цело време по дрогата.

Нарконон Програмата ми го спаси животот, ми помогна да ја победам зависноста.

Н.М. - ДИПЛОМЕЦ ВО НАРКОНОН БАЛКАН

АВТОРОТ

Narconon Balkan

НАРКОНОН БАЛКАН

ЕДУКАЦИЈА И РЕХАБИЛИТАЦИЈА ОД ДРОГА

Добијте помош сега
ЈАВЕТЕ СЕ НА