Како Нарконон го промени мојот живот

Narconon
(Слика од Cameron Stow/Unsplash.com)
 

Повеќе од 10 години живеев во заблуда и во некој нереален свет во кој им се восхитував на разни дилери, лихвари и криминалци. Живеев несвесно заслепен од најголемиот порок во денешно време - дрогата и полека станував дел од тие деструктивни групи. Почнав да живеам по изреката „снајди се па живеј без разлика на последиците“, од што ми беше таа изрека секојдневие ми изгледаше сосема нормално, а луѓето кои се мачеа да заработат чесно и поштено ми беа чудни и смешни. Почнав да ги злоупотребувам сите околу мене, фамилијата, работата и општеството со што се донесов во опасност да паднам во затвор.

„Кога сфатив дека тонам сè повеќе и повеќе и кога изгубив надеж за да го вратам мојот нормален живот, дознав за Нарконон, дојдов овде и работите нагло почнаа да се менуваат на подобро.“

Кога сфатив дека тонам сè повеќе и повеќе и кога изгубив надеж за да го вратам мојот нормален живот, дознав за Нарконон, дојдов овде и работите нагло почнаа да се менуваат на подобро. Почнав да уживам во секој момент и научив работи што целосно го променија мојот концепт кон животот. Научив да бидам чесен, поштен, скромен, со корисни и со големи цели и идеи, со огромна самодоверба во себе. Од штетник станав корисен член на општеството и син каков што му доликува на моето семејство. Свртив нова страница во животот во која не постојат ниту криминал, ниту дрога а мојот претходен начин на живеење го закопав толку длабоко што никогаш повеќе нема да го откопам, а и не сакам.

Дипломец на Нарконон Балкан – Г.Ј.


АВТОРОТ

Narconon Balkan

НАРКОНОН БАЛКАН

ЕДУКАЦИЈА И РЕХАБИЛИТАЦИЈА ОД ДРОГА

Добијте помош сега
ЈАВЕТЕ СЕ НА