Ќе ја победам зависноста

 „Нарконон ве учи како повторно да живеете, така што ви ги дава алатките да останете ослободени од дроги.“

„Сфатив дека јас можам да ги користам овие алатки со цел повторно да си го вратам животот. Јас сум успешен и среќен. Јас имам иднина!“

Се чувствувам фантастично. Конечно денеска во објектив 2 го искусив тоа што го слушав и читав скоро секој ден – дека духот е одделен од телото или нашето физичко битие. На почетокот од објективот бев расположен бидејќи знаев дека како и со претходната вежба ќе се случи нешто посебно.

После одреден период почнав да “паѓам“. Бев надвор од сесија добар временски период. Во еден момент си помислив дека можам мојот близнак да го грабнам и да го изреметам за сите работи кои ги прави лошо.

И тоа ми предизвика да се јават позитивни мисли кај мене, бидејќи едно од најубавите чувства кои ги имам во мојот професионален живот е кога со факти и аргументи ќе го побијам мојот соговорник. Тогаш полека почна да ми се подобрува расположението и сфатив дека и кога баш не ми оди од рака тоа што го работам треба да имам позитивни мисли и лошите чувства ќе исчезнат.

Така во мислите ми се појави одненадеж сликата на мојот син и целата сесија почна да оди во нагорна линија. Се јави волност кај мене. Така дојде и мојата реализација. Внесов малку време помеѓу командата и извршувањето. Почнав да чувствувам дека телото има нагон да стане механички, но јас не му дозволив.

И кога јас ќе посакам и што ќе посакам тоа го извршува моето тело. Разбрав дека телото и духот се различни работи и конечно сфатив дека духот царува над телото. Ова е огромно осознавање за мене и ова ќе има голема улога во мојата борба со зависноста. Телото е тоа кое бара да е зависно од нешто.

Знам дека духот е тој кој го контролира телото и знам дека конечно зависноста ќе биде победена.

Л.Д.- СТУДЕНТ ВО НАРКОНОН БАЛКАН

АВТОРОТ

Narconon Balkan

НАРКОНОН БАЛКАН

ЕДУКАЦИЈА И РЕХАБИЛИТАЦИЈА ОД ДРОГА

Добијте помош сега
ЈАВЕТЕ СЕ НА