Контрола врз својот Живот

Photo by Edward Koorey on Unsplash
 

Прво многу ме фасцинира фактот што вистински се менувам... Тоа многу ме мотивира и ми дава поттик за понатака. Денес си ги докажав научените работи, најдов начин како да контролирам некои работи и самиот себеси. Ме фасцинира тоа што го постигнав ова сам, секако со подршка на моите супервизори и мојот асистент, што е многу јако искуство и затоа задоволството е огромно.

Навистина станувам појак и веќе немам реакции како порано, не дозволувам некој да ми влијае во мојот простор или на моето раположение. Научив техника, ја применив денес и стварно функционира. Денес бучавата од другите студенти во училница ми сметаше и во еден момент прекинав со сесијата и се прашував себе си зошто е тоа така, зошто тоа ми одземаше внимание и време се додека не се сетив на една од предходните победи. Ја применив и навистина функционираше. Во истиот момент се вратив во сесија без грижи или некои емоции. Тоа беше да не си ставам на душа, постојат разни карактери и има разни проблеми, ги соочувам и не бегам, па така си дојдов до други победи. 

“Среќен сум што полека го преземам кормилото на мојот брод.”

Просторот јас го контролирав и уредував по мое, додека го работев објективот осетив дека тој простор ми припаѓа мене и го уредував јас како што сакам. Разбрав дека проблемите што ги имам ќе си останат само научив како да ги контролирам, да ги зауздам, да ги соочам и свесен сум дека тие не се избришани. Среќен сум што полека го преземам кормилото на мојот брод.

Студент во Нарконон Балкан - Н.Н.

АВТОРОТ

Narconon Balkan

НАРКОНОН БАЛКАН

ЕДУКАЦИЈА И РЕХАБИЛИТАЦИЈА ОД ДРОГА

Добијте помош сега
ЈАВЕТЕ СЕ НА