Криминалот носи беден живот
Пред да дојдам во Нарконон бев многу заинтересирана и фасцинирана за криминалот. Многу ми се допаѓаше тоа чувство на ризик и на огромен адреналин. Но никогаш, колку и да беше очигледно, не сакав да ги сварам последиците од тоа, а не можев и да се натерам себе си да не бидам опкружена со криминалци.
Сега не морав да се натерам себеси да не го сакам криминалот. Ништо во врска со него не е интересно и “посебно”. Се смеам на себе си за тоа колку сум сакала да бидам криминалец. Тоа носи беден живот, а чувството на ризик и адреналинот кријат огромен страв и живеење во сенки.

Нема убавини во тој начин на живот, тонеш сè повеќе и повеќе, а со тоа и си опкружен со луѓе кои тонат и заедно пропаѓате. Со вакви криминални и деструктивни постапки не можеш да бидеш дел од конструктивна група пријатели.
Дознав зошто ги тргав од себе добрите пријатели, бидејчи слепо трчав по криминалот и криминалците. Открив дека многу ме има фрлено од патот во животот во повеќе области и заради ова стигнав во контакт со наркотици, почнав да ги лажам родителите, да имам нездрави врски и деструктивни “пријатели”.
И.К.—Студент во Нарконон Балкан.
За да ја зачуваме приватноста сликата која ја прикажуваме не го прикажува директно Нарконон студентот или студентот кој има завршено Нарконон програм.