Менување на Состојбите во животот

Бидејќи користењето на дрога и алкохол честопати произлегува од неспособноста да се излезе на крај со предизвиците, од суштинска важност е некогашните зависници да научат конструктивни вештини за решавање на проблеми кои ќе им помогнат да водат живот без употреба на дрога.

На овој курс, студентите дополнително учат за постапките кои можат да се следат и со кои можат да ги поправат сите грешки од минатото, така што истите повеќе не претставуваат проблем во сегашноста, учејќи конкретни чекори за тоа како да ги унапредат своите животи.

Приказна за успех од студент на овај чекор

Од курсот Менување на Состојбите во животот во теоретскиот дел научив дека има пет состојби во кои може да се најде некоја личност. Научив кои се показателите кои укажуваат кон тоа во која состојба се наоѓа лицето и како да ја препознаам таа состојба.

За секоја состојба во која би можел да бидам постои точна формула што ако ја применам би можел да се искачам во подобра состојба, но само ако ги следам чекорите на таа формула. Овај курс ќе ми користи за да се подобрам и да ги сменам состојбите во секоја област од мојот живот. Формулите ќе можам да ги користам во сите области од мојот живот и со нивна помош ќе стигнам до највисоката состојба – нормално дејствување.

Со самото читање и работење на практичните задачи од овај курс видов и ми се вратија ментални слики од минатото, увидов во која состојба сум бил и не сум знаел како да ја надминам. Сега со ова знаење ќе биде поинку, ќе работам рамномерно на сите области и ќе го држам во еден баланс мојот живот.

Студент на Нарконон Балкан – Г.Т.

АВТОРОТ

Narconon Balkan

НАРКОНОН БАЛКАН

ЕДУКАЦИЈА И РЕХАБИЛИТАЦИЈА ОД ДРОГА

Добијте помош сега
ЈАВЕТЕ СЕ НА