Ми се симна огромен товар од главата

Ми се симна огромен товар од главата

Благодарение на Програмата за Детоксикација кај мене се подобрија многу работи. Еден од најдобрите успеси кај мене покрај тоа што си го исчистив телото од токсини е тоа што ми се покачи телесната тежина за 8 килограми, затоа што претходно бев многу слаб. Исто така со Програмата за Детоксикација ми се подобрија и сетилата, ми се подобри видот, слухот и осетот за допир. Исто така и со трчањето ми се подобри и кондицијата која беше сосема исчезната од последицата на земањето дроги. Расположението не ни можам да го споредам со тоа од претходно, сега е на многу високо ниво. Ми се врати и силата, енергијата која ми помага за секаков вид на активност.

Сега имам желба за многу работи, било да е тоа вежбање, некаква работа или било каква и да е физичка активност. Се чувствувам како од глава да ми се симна огромна тежина која ја имав пред да започнам со програмата.

Сега имам поголема самодоверба, а и сум порешителен. Голема улога имаа и витамините и минералите кои ми помогнаа во целиот овој процес на детоксикација, и усто така и вработените во центарот.
Процесот на детокцикација за мене беше еден прекрасен, огромен успех и подготвен сум да продолжам понатаму со програмата.

Д.Т. - Студент во Нарконон Балкан


(За да ја зачуваме приватноста, сликата која ја прикажуваме не го прикажува директно Нарконон студентот или студентот кој има завршено Нарконон програм.)

АВТОРОТ

Narconon Balkan

НАРКОНОН БАЛКАН

ЕДУКАЦИЈА И РЕХАБИЛИТАЦИЈА ОД ДРОГА

Добијте помош сега
ЈАВЕТЕ СЕ НА