Мојот поранешен живот како зависник од дрога

зависник од дрога
(За да се зачува приватноста, фотографијата не ги прикажува луѓето прикажани во овој напис.)

Здрво јас сум А.Ј. поранешен зависник од дрога. Сега накратко ќе го опишам мојот живот како нарко дилер.

Кога наполнив 16 години започнав да користам марихуана и создадов една група или банда од многу повеќе личности со цел да продаваме дроги на улица. Со тоа и јас и моите другари мислевме дека светот е наш, но како што поминуваше времето така ние повеќе станувавме зависни од дрога и алчни за пари. Започнувавме да се тепаме со полиција и други групи што продаваат дрога со цел сите зависници да купуваат само од нас, го постигнавме тоа за брзо време.

Како што врвеа годините постанавме демони, злобни луѓе во околината, почнавме и ние меѓусебе да се тепаме за кој да биде најбогат со дрога и пари. Последната година од тој живот почнав да бегам од луѓето кои се добри поради што во мене имаше демон и злоба кон добрите луѓе и мојата фамилија. Почнував да барам спас да излезам од таа дупка и го најдов во Нарконон Балкан.

Како зависник живеев 5 години и сега сум рехабилитиран целосно, сега сум нова личност со други цели. Се дружам со конструктивни групи и имаме добра цел кон околината и кон општеството.

Сигурен сум дека цел живот ќе бидам ослободен од дроги и никогаш повеќе нема да се дружам со лоши луѓе кои му штетат на моете здравје. Ќе бидам добар син, добар граѓанин и пример за другите луѓе со тоа што ќе правам добри дела и добри акции.

Студент од Нарконон – Балкан А.Ј.

АВТОРОТ

Filip Fidanovski

Filip is a Narconon Graduate who is now working as a Marketing and Promotions Manager at Narconon Balkan

НАРКОНОН БАЛКАН

ЕДУКАЦИЈА И РЕХАБИЛИТАЦИЈА ОД ДРОГА

Добијте помош сега
ЈАВЕТЕ СЕ НА