Најчесто злоупотребувани лекови на рецепт

Постојат три класи на лекови на рецепт кои често се злоупотребуваат од сите возрасти, вклучувајќи ги и младите луѓе.

Тие се:

  • Олеснувачи за болка кои се добиени од опиум или се многу слични во хемискиот состав
  • Депресанти кои влијаат на централниот нервен систем и кои се користат за намалување на симптомите на анксиозност или помош за спиење
  • Стимуланси како што се оние кои се користат за млади луѓе кои имаат проблем да посветуваат внимание во училиште

Сите овие класи предизвикуваат зависност. Повеќето од нив може да резултираат со фатално предозирање сами по себе или во комбинација. Многу честа појава кај луѓето е да се мешаат лекови на рецепт заедно, и честопати се обидуваат да постигнат специфичен ефект.

Според годишното истражување "Мониторинг на иднината" кое ја разгледува злоупотребата на дроги кај деца и млади, лековите на рецепт се во пораст во последните 20 години. Без оглед на тоа колку е добра вашата врска со вашите деца, тие ќе бидат сведоци на злоупотреба на дрога и лекови на рецепт меѓу нивните пријатели и колеги. Ако нивните лични убедувања за злоупотреба на дрога не се доволно силни, може да бидат во искушение да се приклучат, дури и ако идејата е дека тие само ќе "прават еднаш за да видат како е тоа". За некои луѓе, ова е сè што е потребно за да ги остават своите убедувања настрана и да ја пробаат таа дрога уште неколку пати. Некои од овие лекови предизвикуваат толку голема зависност од високите дози што се консумираат за време на рекреативната употреба, што е доволно за да личноста заглави во целосна зависност. Другата можност е дека едно лице може да добие доволно силна дрога за да ги убие, за првпат. Тоа се има случено многу пати.

Умртвувачи на болка: Опијати и Опиоиди

Опиумот се користи за лекување на болката илјадници години. Опиум доаѓа од афион, Papaver somniferum, кој се одгледува претежно во Авганистан, Колумбија, Мексико и  Југоисточна Азија. Смолата која истекува од семето на афионот се собира, што резултира со топки на опиум кој може да се пуши. Поголемиот дел од производот се преработува во морфиум, од кои некои се хемиски преработени во хероин.

Некои од лековите против болки се директно добиени од опиум. Постојат некои кои се целосно или делумно синтетички. Полу-синтетички и целосно синтетички лекови против болки се нарекуваат опиоиди.

Опијати

  • Хероин
  • Морфин
  • Кодеин
  • Диацетилморфин
  • Дезоморфин

Опиоиди

  • Хидрокодон (се продава како Lortab, Lorcet, Vicodin и други)
  • Оксикодон (се продава како OxyContin, Percocet, Percodan и други)
  • Бупренорфин (се продава како Субутекс или Субоксон)
  • Метадон
  • Трамадол
  • Фентанил

Ова не е комплетна листа. Постојат стотици формулации на опијати и опиоиди. Ова се оние со кои повеќето луѓе се запознаени.

Депресанти кои влијаат на централниот нервен систем

Тоа се лекови кои имаат за цел да го смират лицето или да му овозможат да спие. Оваа класа на лекови се состои од бензодиазепини како Диазепам, Лексилиум, Лорам, Хелекс и многу други. Исто така, вклучува и барбитурати или таблети за спиење како што се Nembutal или Seconal. Иако технички не е дел од истата категорија, овие лекови често се мешаат со carisoprodol, бренд наречен Soma, популарен мускулен релаксант.

Бензодиазепините и барбитуратите го потиснуваат дишењето, и така можат да предизвикаат смрт од предозирање. Дишењето на лицето толку многу успорува, што едноставно умира.

Лекови во комбинација

Многу е честа појава за лицето кое ги злоупотребува опијатите да ја меша оваа дрога со другите. Тој може да ги меша опијатите и алкохолот, опијати и марихуана или алтернативни опијати со стимуланси како кокаин. Многу луѓе решаваат да ги комбинираат опијатите со бензодиазепини или да ја консумираат комбинацијата опијати-бензодиазепини-каризопродон во обид да добијат многу специфично чувство. Оваа последна комбинација, наречена "Хјустон коктел", се вели дека е слична на хероинот во нејзините ефекти. Комбинацијата на опијати-бензодијазепини се нарекува "коктел од Лас Вегас".

Кога повеќе од една дрога има ефект на забавување на респирацијата, лицето ги зголемува шансите за смрт од предозирање кога ќе се меша со лекови. Опијатите, бензодиазепините и алкохолот го намалуваат дишењето. Повеќето смртни случаи од предозирање вклучуваат повеќе од една дрога, а многу често повеќе лекови.

Стимуланси

Постојат неколку стимуланси на рецепт што може да се пренесат од еден млад човек до друг, особено во средно училиште или на колеџ. Ова се лекови кои може да се препишат кога млад човек наводно страда со АДХД:

  • Риталин (метифенидат)
  • Концерта (метилфенидид со продолжено ослободување)
  • Аддерал (амфетамин)
  • Стратрара (атотрокситин)
  • Vyvase (лидесамфетамин - поврзан со декстроамфетамин)
  • Декседин (декстроамфетамин)

Ќе забележите дека некои од овие лекови имаат сличен хемиски состав со опасната и недозволена дрога - метамфетамин.

Дали на младите луѓе им требаат овие лекови или не, на тоа прашање може да се дебатира. Но, потребни или не, сите тие имаат потенцијал за злоупотреба и предизвикуваат зависност. Медиумите известуваат само за неколку приказни со зависноста од овие лекови. Но, во 2013 година, сенаторот Чак Шумер од Њујорк беше доволно загрижен да предложи дека јавните и приватните колеџи во државата создаваат построги стандарди кои го регулираат пропишувањето на овие лекови за учениците и да биде задолжително за младите да се едуцираат за дрогата, за лековите на рецепт и за опасностите од злоупотреба на истите.

На некои колеџи, факултетот проценува дека дури еден од тројца студенти злоупотребувале еден од овие лекови. Употребата е особено голема кога е време да студирате за финални испити или кога се пишуваат семинарски.

Во центарот за рехабилитација Narconon Balkan, ние им помагаме на нашите клиенти да постигнат вистинска рехабилитација. Таа започнува со помагање на секој човек да се ослободи од остатоците кои се наталожиле во годините поминати како зависник, а потоа продолжува да ги поучува на животните вештини кои им се потребни за вистинска и трајна трезвеност.


Ако имате некои прашања или знаете некој на кого му треба помош, посетете ја нашата веб страна www.narconon-balkan.org или јавете се на +389 4380 0097.
АВТОРОТ

Narconon Balkan

НАРКОНОН БАЛКАН

ЕДУКАЦИЈА И РЕХАБИЛИТАЦИЈА ОД ДРОГА

Добијте помош сега
ЈАВЕТЕ СЕ НА