Најтешката Борба на Светот е Битката со Себе

Најтешката Борба на Светот е Битката со Себе

Почнав да земам дрога на 17 години. Првин користев марихуана, потоа и алкохол. Кога наполнив 21 година почнав да земам и хероин по неколкупати во денот. Со хероин почнав случајно. Бев пијан и еден другар извади и ме праша дали сакам да пробам. Реков дека сакам. Мислев дека само еднаш ќе пробам, ама чувството ми беше убаво и сакав повторно да земам. Земав секој ден до 27 години. Порано ми даваа повеќе пари од дома и можев да си дозволам секој ден да купувам. Ќе му побарав на татко ми 500 денари, ќе му речев дека ќе излезам со девојка или дека ќе си купам нешто, и ми даваше пари.

Вака ја почнува својата животна приказна триесетгодишниот Ненад Геневски од Свети Николе. Тој е рехабилитиран зависник и е чист од дрога и алкохол веќе три години. Работи како волонтер во центарот за рехабилитација од зависности „Нарконон Балкан“, кој се наоѓа во селото Конопиште во близината на Кавадарци.

За „Нарконон“ дознал преку свој пријател. Отишол во центарот и му се допаднало тоа што зависниците ги лекуваат на природна база, без да користат некакви лекарства.

Донесов одлука дека сакам помош. Дојдов на програмата, првиот дел ми беше најтежок. Детоксикација со минерали и витамини и масажи. Масажите му помагаа на телото, можев навечер да спијам. По неколку дена почнав и да јадам. Потоа правев сауна, добро ми одеше. Па следуваа вежбите, курсевите по етика, сфатив што сум правел во животот, што треба да поправам кај себе. Ми стануваше сѐ подобро и подобро. Немав потреба да земам нешто, не ми требаше никакво апче. Се будев насмеан, без болки, си ги вршев обврските, се дружев. Престанав да лажам, добив желба за живот, посакав да бидам корисен. Чист сум три години и многу сум среќен. И денес кога ќе се сретнам со некој пријател со кого порано сум земал дрога, не бегам од него. Застанувам, се поздравувам, си правам муабет. Не ми паднало ни на памет, ниту сум посакал повторно да земам—објаснува Ненад.

АВТОРОТ

Narconon Balkan

НАРКОНОН БАЛКАН

ЕДУКАЦИЈА И РЕХАБИЛИТАЦИЈА ОД ДРОГА

Добијте помош сега
ЈАВЕТЕ СЕ НА