Нарконон Програмот ме промени

Денес се изненадив самиот од успесите што ги постигнав во текот на вежбите.

На почетокот имав големи манифестации, потешкотии; ми се јавија некои болки кои ги имав и порано : болки во синусите, притисок во главата, зашеметеност…

Секогаш кога ќе ми се јавеа овие потешкотии губев и по неколку часови во нивно справување и сум бил апсолутно непродуктивен. Денес научив дека со истрајност можам и овие потешкотии да ги надминам без никаков проблем, нешто што дефинитивно ќе ми помогне многу во мојот живот.

За себе дознав зошто не ми претставува проблем донесувањето на секојдневните одлуки, но и зошто понекогаш правам работи кои што другите луѓе сметаат дека се несоодветни. Она што го осознав е дека мјата самодоверба и напорна работа во голема мера влијаеле да бидам смирен и сигурен кога сум ги носел одлуките. Од друга страна пак фактот што не сум ги слушал потребите на другите луѓе туку сам сум проценувал за нив, се случувало да донесам одлуки кои без намера ги повредувале другите.

Со помош на Нарконон Програмот научив дека е неопходно да ги слушам другите и сигурен сум дека тоа во голема мера ќе ми помогне да ги носам најсоодветните одлуки за мене и за тие што најмногу ми значат.

А.Д.—СТУДЕНТ ВО НАРКОНОН БАЛКАН 

АВТОРОТ

Narconon Balkan

НАРКОНОН БАЛКАН

ЕДУКАЦИЈА И РЕХАБИЛИТАЦИЈА ОД ДРОГА

Добијте помош сега
ЈАВЕТЕ СЕ НА