Не ми требаат дроги за да се чувствувам добро

Додека бев дел од програмата за прочистување Детоксикацијата - Нов Живот доживеав огромни успеси и победи. Се разбира, најважна и најзначајна победа е исфрлувањето на сите токсини од моето тело. Распоредот ми овозможи да го рестартирам мојот биолошки часовник. Спијам доволно и одлично, без кошмари и се будам поенергичен. Апетитот ми се врати а со тоа дојде подобрување на мојата телесна тежина, се поправив седум килограми. Исто така ментално и емоционално се чувствувам многу подобро и постабилно.
„Не ми требаат антидепресиви, алкохол или дроги за да се чувствувам добро.“
Анксиозноста, депресијата, напнатоста и немирот видно се намалија. Чувството и мислата дека изгубив се и дека никогаш веќе нема да бидам како порано исчезна. Сега сум оптимист и верувам дека ќе ги вратам сите мои претходно изгубени способности. Намалена е тагата, нервозата и сите лоши мисли и чувства што ме попречуваа да бидам среќен. Толеранцијата и смиреноста ми се зголемија. Имав можност да размислувам за моето минато и да увидам во моите реакции и постапки како всушност сум го креирал тој пекол. Појасно и поразумно размислувам. Не ми требаат антидепресиви, алкохол или дроги за да се чувствувам добро. Не ми треба Q-pin за да заспијам.
Имав суицидни мисли кои ме мачеа секојдневно долги години. Две работи ми се вртеа во главата кога и да помислев на тоа: дали пробав се што можев за да се спасам и насмевката на моите родители. Тоа некако ме спречуваше. Ете сега сум во Нарконон Балкан и имам многу поинаков поглед кон животот, а насмевката на моите родители е позабележителна и пореална. Имам пореална перцепција за се околу мене. Имам големи подобрување на сетилата. Се чувствувам порасположен и посреќен! Им се заблагодарувам на сите вработени во центарот што вложија толку труд и беа покрај мене во текот на целиот процес. Сега сум спремен за наредниот чекор!
Студент во Нарконон Балкан – Г.С.