Нов стил на живот – Drug Free

Balkan graduate

Не се срамам затоа што погрешив, учам од грешките, ќе се срамев ако сеуште живеев во заблуда. Не постои идеално битие, сите ние правиме грешки, сепак постои разум, постои и будност, јас неможев повеќе да одам против нив, неможев повеќе да ја испитувам издржливост на разумот. Направив промена и беше спасен мојот живот во Нарконон Балкан. Сега чекорам исправено и гордо затоа што станав од дното и продолжив чекор по чекор да се искачувам нагоре, да се справувам со секој предизвик и секоја бариера кон патот на успехот и не се откажувам....

„Сеуште успевам онака како
што знам и умеам.“

Сеуште успевам онака како што знам и умеам. Живеам во мала средина каде обично има многу озборувања, не верувања и сето тоа допира до мене, но без разлика на се, живеам за себе, за оние што ги сакам и ме сакаат, не за некој друг, ниту пак за осудувачите и оние со негативни мисли. Незнам да мразам и на емоционално ниво сум многу повисоко од оние кои ме осудуваат за нешто што било блиско минато, сепак тоа е минато за мене. Ја открив вистинската смисла на животот и за тоа вреди да ја играм играта во него, без дроги, без други опојни супстанци. Веќе две години знам што значи радост, што значи среќа што значи мојот нов стил на живеење – DRUG FREE.

Т.З., дипломец на Нарконон Програмата  


АВТОРОТ

Narconon Balkan

НАРКОНОН БАЛКАН

ЕДУКАЦИЈА И РЕХАБИЛИТАЦИЈА ОД ДРОГА

Добијте помош сега
ЈАВЕТЕ СЕ НА