Новиот јас

М.Х. дипломец на Нарконон Програмата
М.Х. дипломец на Нарконон Програмата
 

Најпрво сакам да се заблагодарам на технологијата на Л.Р. Хабард и на сите вработени и волонтери во центарот Нарконон Балкан што ја испорачуваат оваа извонредна програма, затоа што ако не беа овие луѓе и овој центар јас денес немаше да бидам и да го пишувам ова. Многу сум емоционален во моментов и сум под големи импресии затоа што јас сум жив и со моите раце го пишувам ова. Немам зборови со кои можам да ја опишам мојата благадорност и со ништо неможам да надоместам затоа што сфатив колку вреди мојот живот. Во делот за одвикнување од дроги правев една вежба, таа вежба ми донесе една огромна стабилна придобивка и чувство како никоја дрога досега која сум ја конзумирал. Си реков аааа можело и вака, тоа беше тоа, дрогите само ми давале лажни чуства дека се е ОК, ова е тоа што ми треба да се вратам назад. Почнав да имам физички подобрувања многу, да вежбам, трчам дури почнав и понеколку сати да одам во теретана,кога се видов во огледало изгледав многу подобро, како да не сум јас, учествував во сите групни активности, не каснев на распоредот, во еден момент почнав да се чудам што ми се случува ? Дали ова сум јас? Во суштина да, јас сум тој, тој што сум бил пред употребата на дрогата, дрогата ми ги затупила чуствата, ме уништила физички до тој степен што сега самиот неможам да се препознам какви промени имам. Освен тоа почнав да се едуцирам, почнав да ги контролирам моите мисли, свесно да правам разлика помеѓу доброто и лошото, кој да биди во мојата околина кој не. Почнав да разликувам и да носам сам за себе одлуки.

„Оваа програма ми даде ’француски клуч‘ со кој можам да отворам ново поглавје во мојот живот...“

Оваа програма ми даде „француски клуч“ со кој можам да отворам ново поглавје во мојот живот, ме научи тоа поглавје да го испишам со самодоверба истрајно да ги постигнувам моите цели, самостојно да егзистирам и самостојно да го возам мојот живот. Нарконон Балкан ви благодарам уште еднаш што ми спасивте живот, што сум сега со фамилијата и сум среќен човек и што знам дека сум на патот да постигнам уште многу.

М.Х. дипломец на Нарконон Програмата


АВТОРОТ

Narconon Balkan

НАРКОНОН БАЛКАН

ЕДУКАЦИЈА И РЕХАБИЛИТАЦИЈА ОД ДРОГА

Добијте помош сега
ЈАВЕТЕ СЕ НА