Одлуката да помогнете ве прави моќен човек
Изреволтиран и нервзоен за смртта на неговата мајка, иако поминале неколку години да биде без неа. Таа била единствената која што верувала во него и тој ја гледал како херој... Тагата и болката не престанувале, но одлуката “да не бегам од проблемите и да се соочам со истите” беше цврста и потрагата за помош на други луѓе кои го имаат истиот проблем, загуба на некој близок од некоја болест, денес Др. Драган Јованов е еден од најпознатите млади меѓународни иноватори за фитомедицина, фитотерапија, фитонутриционизам и агроекологија.
Неговото мото “Ако успеам да спасам бар еден човечки живот, не живееам залудно” го водеше да ги надмине сите предизвици и препреки за целосно да се усоврши во својата професија и конечно да започни како што вика тој “да си ја лекувам болката на скршената душа” со што во овие 12 години излекувал, помогнал и советувал преку 30.000 луѓе од Балканот, Европа и светот.
За неговите достигнувања зборуваат осум меѓународни признанија за најдобар млад научник, четири домашни признанија, две меѓународни плакети и еден кристал за најдобар млад научник. Автор е на преку 30 книги и на преку 60 научни публикации во областа на фитомедицина, фитонутриционизам и агроекологија и член на клуб на иновативни умови при Европската академија на науки во Белград и Брисел. Одржува предавања како на домашни школи и универзитети така и на меѓународни, посебно го издвојуваме државниот универзитет во Аризона. Гостувал на преку 200 емисии на домашни и странски телевизии и објавил преку 200 статии во домашни и меѓунардони весници. Моментално дополнително работи и како специјален советник за животна средина во Македонската влада.

Сето ова го прави да биде голем професионалец и несебично да помага.
Неговата хуманост и борбата за нечиј живот да биде спасен ја покажа на дело со тоа што ја изрази својата поддршка за она што Нарконон Балкан го работи.

