Ослободен од зависноста

Narconon Balkan
(Слика од yurakrasil/Shutterstock.com)
 

Денес додека ги испишував моите штетни постапки іа видов вистината за мојот почеток на оваа замка. Видов како за прв пат пробувам пиво поради некоја девојка за да и привлечам внимание а потоа сфатив дека таа не била за мене и дека не сум знаел како правилно да живеам и да се справувам во такви ситуации. Не се каам за тоа што сум го направил, сум сакал се пред време да изживеам. Сега сум горд на новото поглавје во мојот живот, сега јасно ми се разделени работите во мојата глава, знам што е правилно а што не е, сум извлекол поука од моите лоши одлуки од минатото и конечно си признав на себеси дека сум грешел и дека сум нанесувал штета на самиот себе од ден во ден.

Си посветив време на самиот себе и доживеав преголемо олеснување во мојата глава што сум го немал одамна. Со вакво размислување, ладна глава и посветеност на самот себе сигурен сум дека никој нема да ме турни од првата скала на мојот нормален живот.

Тука разбрав дека секој човек може да се промени и да го смени начинот на живот. Треба да се превземе одговорност за своите постапки и никогаш да не се предава бидејки слободата мора да се заслужи. Патот кон целта е тежок ама вреди да се оди бидејки за ваква слобода во главата вреди да се живее и да се постои!!!

Благодарност до целиот тим на Нарконон Балкан за тоа што ми покажаа дека има и друг начин на живот!!

Н.М. студент во Нарконон Балкан


АВТОРОТ

Narconon Balkan

НАРКОНОН БАЛКАН

ЕДУКАЦИЈА И РЕХАБИЛИТАЦИЈА ОД ДРОГА

Добијте помош сега
ЈАВЕТЕ СЕ НА