Почеток на Нов Живот

Делот Детокцикација за мене беше еден нов почеток, нов живот и ново искуство. Во врска со сауната се плашев дали ќе можам да ја издржам таа температура, тоа потење и тие физички реакции. Откако започнав и го поминав првиот ден на овај чекор имав сознание дека ништо не е страшно и не е неподносливо како што си мислев. Физичките реакции беа различни и секојдневно со различен интензитет, но со тек на време се намалуваја и на крај ги надминав.
Од првиот ден во сауна па се до сега забележав големи промени во лицето, најпрво ми се појавија некои дамки кои ми се појавуваа и кога конзумирав алкохол, подоцна тоа се исклучи и сега лицето ми е чисто и ми сјае како што било порано пред да почнам да конзумирам алкохол.
„Искусив големи позитивни промени во моето однесување, комуникацијата со луѓето околу мене и односите.“
Искусив големи позитивни промени во моето однесување, комуникацијата со луѓето околу мене и односите. Ментално се чувствувам дека имам бистар ум познавајќи се себеси.
Студент на Нарконон Балкан - Т.К.