ПОБЕДИ, УСПЕСИ И ЖИВОТНИ ПОДОБРУВАЊА

среќна жена

Мојот случај беше поинаков од другите. Јас земав дрога многу кратко време и мислев дека штетата што ми е нанесена не е толку голема и јас ќе се “излечам“ побрзо. Не верував дека можам да победувам, да се подобрувам и не ми беше јасно како всушност можам да променам нешто кај мене, затоа што мислев дека јас единствено имам проблем со физичката поврзаност со дрогата.

За време на Нарконон Програмата се здобив со трајни придобивки. Станав поспособна да комуницирам правилно со луѓето, можам полесно да ја соочам реалноста, не живеам веќе во свој замислен свет, туку со вниманието сум таму каде што во моментот се наоѓам. Дури и мене ми е чудно колку ми е подобрена меморијата и колку повеќе можам да ги забележувам нештата околу себе, исто така ми се подобри и видот. Имам поголема контрола врз себе и врз околината, знам што е исправно а што погрешно, можам да се воздржам од правење грешки. Сега ги гледам луѓето со својта намера, не дозволувам секој да ми се приближи, ги делам лошите од добрите и не им давам шанса на тие што ме повредиле повторно да го сторат тоа. Полесно ги справувам ситуациите во животот и реагирам потрезвено на нив, верувам на тоа што јас сум го видела и искусила, не паѓам под туѓо влијание и можам да кажам дека сега сум комплетна личност. Јасно го кажувам тоа што го сакам и не сум му никому потчинета, свесна сум и способна сама да ги бирам своите одлуки и да се држам до нив. Знам да се вреднувам себеси, да ги почитувам другите луѓе со нивните одлуки и да ги прифатам такви какви што се, веќе не влегувам во конфликти со другите и проблемите ги решавам на мирен начин со добра комуникација.

Додека бев Студент на Нарконон Програмата јас се открив себеси, видов која сум јас всушност, што сакам во животот и почнав да се придржувам до одредени правила и начини на однесување, така што целосно го променив начинот на живот.

Веќе една година живеам животцелосно ослободена од секаков вид на дрога, за да сфатам дека дрогата воопшто не ми беше проблем, проблемот бев јас и ми се чинеше дека дрогата ми го дава решението за мојата неспособност да ја соочам реалноста.

Сега го знам вистинското решение за решавање на проблемите и немам никаква потреба од дрога и алкохол, затоа што сега се борам храбро до крај без разлика на исходот.

Си го сакам животот, среќна сум и се трудам да живеам најдобро што можам и бескрајно сум благодарна на сите што искрено ме подржуваат и помагаат.

Д.Х. - ДИПЛОМЕЦ ВО НАРКОНОН БАЛКАН

АВТОРОТ

Narconon Balkan

НАРКОНОН БАЛКАН

ЕДУКАЦИЈА И РЕХАБИЛИТАЦИЈА ОД ДРОГА

Добијте помош сега
ЈАВЕТЕ СЕ НА