Повторно воздигнување на моето вистинско ЈАС
Ова ми е трета недела од ДЕТОКСИКАЦИЈА и веќе чувствувам некои промени кај себе кои навистина ме прават среќна.
Овие промени кои ќе ги опишам се чекор понапред на патот кон мојата цел и повторно воздигнување на моето вистинско ЈАС.

- Физички гледано мојата енергија ми е целосно вратена, а со секојдневното утринско трчање и вежбање се зголемува се повеќе мојата физичка сила и кондиција.
- Забележувам дека умот ми се прочистува, меморијата ми се зголемува: BACK TO NORMAL и мислите ми се повеќе насочени кон себе и мојот успех во тоа што го правам ; додека сите останати мисли за минатото, другите случувања моментално надвор од центаров, како и сето останато се исклучени од мојот ум. Ова е единствениот начин да успеам во достигнувањето на мојата цел и само така подоцна ќе можам да се справам со реалноста - сегашноста - кои не секогаш се позитивни и пријатни.
- Многу ме радува фактот дека ќе бидам со бистар и позитивни мисли.
- Емотивно исто така имам големи промени, почисти емоции, многу подобро знам што и кого сакам.
Сето ова е многу голем успех за мене и ми дава уште поголем мотив за достигнување на мојата цел - ЧИСТО ТЕЛО ОД ОТРОВИ.
Г. Ј. — Студент во Нарконон Балкан