Продолжувам Среќна
Видов дека кога сакам да променам нешто, треба да го променам фокусот и вниманието на нешто друго и да не давам воопшто внимание на нештото што сакам да го сменам.
Овде стекнав многу добри навики кои многу ќе ми користат и послем програмата. Повеќе воопшто не размислувам дали ми се прави нешто туку навика ми е да ги правам едноставно работите што треба да ги правам.
Послем програмот знам дека ќе треба време моите да стекнат доверба во мене, да ги соочувам сите работи без разлика добри или лоши и да ги справувам истите. Видов дека е добро тоа што сум отворена за нови идеи и не ги одбивам без сама да се уверам во тоа дали е добро за мене и дали може нештото да ми го подобри животот.
На почетокот на програмата многу работи и многу вежби ми беа чудни но од сам старт бев со став дека сакам да искусам и се уверив дека имам многу придобивки од нив.
Низ програмот научив да не ги брзам работите, туку да работам на тоа што треба за да го извлечам максимумот од себе.
И со секој завршен дел од програмата го имав тоа чувство на задоволство кога завршуваш нешто за кое си се трудел и тие нешта ги цениме многу повеќе.
Најголемиот страв во животот ми беше да не останам на едно исто место. И неколку години пред да дојдам на програм одев два чекори нанапред а 3 назад. Морав да се одлепам од таа околина за да се променам.
Се сетив дека минатата година ова време си велев „како можи повторно да се вратам на старо“ и барав решение за ова. Сега сум многу среќна што сум меѓу луѓе кои ми помогнаа да пораснам како личност и кои ме разбираат целосно.
„Овај програм ми помогна да ги оставам работите во минатотот и да продолжам напред како среќна личност!“
Овај програм ми помогна да ги оставам работите во минатотот и да продолжам напред како среќна личност! Огромна благодарност до целиот тим на Нарконон Балкан!
Е.Т. студент во Наркнон балкан