Програмата за Детоксикација ми даде Нов Живот

Ова е само една од успешните приказни на студент после завршувашето на Програмата за Детоксикација—Нов Живот.

(Слика од Gajus Studio/Shutterstock.com)

Со Програмата за Детоксикација—Нов Живот почнав пред 35 дена. Првите денови ми беа малку чудни со земањето на комбинациите од витамини, трчање и потењето во сауна. Понекогаш се заморував и се чувтствував како поспан. Со текот на времето и локациските вежби кои се вклучени во програмот после сауната, расположението и енергијата многу ми се подобрија. Осетив дека ми се разјаснија повеќе работи од минатото и сметам дека имав доста сознанија. Сега се чувствувам многу поубаво и многу посреќно од пред да дојдам тука.

Со Програмата за Детоксикација—Нов Живот ми се освежи и ликот за разлика од пред да дојдам тука кога изгледав како изобличен во ликот. Исто така сега полесно ги согледувам работите и секој ден како што изминува времето се чувствувам подобро и подобро и проблемот со алкохол пто го имав е веќе минато. Програмата за Детоксификација ми даде нов живот за да можам да живеам среќен, продуктивен живот без алкохол.

Р.Т.—Студент во Нарконон Балкан


За да ја зачуваме приватноста сликата која ја прикажуваме не го прикажува директно Нарконон студентот или студентот кој има завршено Нарконон програм.

АВТОРОТ

Narconon Balkan

НАРКОНОН БАЛКАН

ЕДУКАЦИЈА И РЕХАБИЛИТАЦИЈА ОД ДРОГА

Добијте помош сега
ЈАВЕТЕ СЕ НА