Разговарање со вашите деца за дрогите

Една важна точка што ке ви помогне во разговарањето со вашите деца е само да бидете искрени и реални.

Вие најверојатно можете да се сетите на време кога некој пробувал да ве исплаши или загрози по тоа да донесете делумно решение, отколку да ви дозволат да го измислите тоа самите. Ова најверојатно не било многу од помош или ефикасно.

Помага да се биде реален со вашиот син или ќерка. Немојте да ги исплашите вашите деца – ако тие ја разберат вистината, и вашиот однос кон дрогите, тие ке ги направат вистинските одлуки самите.

Ние сме откриле дека заплашувања и “тактика на плашење” можат да имаат обратен ефект врз детето – всушност тоа може да ги направи да посакаат да пробаат дроги.

Најдобриот метод е да се биде искрен и реален за дрогите и што тие прават.

Доверба

Взаемната доверба е најцврстиот градежен камен со кој се градат човечките односи. Без доверба, целата структура се урива.

Еве некои совети како да ја одржувате довербата мегу вас и вашето дете:

  • Одржувајте го зборот што сте му го дале на вашето дете. Не правете ветувања кои не можете да ги исполнете. Кажете им дека ке пробате, но немојте да ветувате ако неможете.
  • Направете вашиот син или ќерка да се чувствува безбедно кога разговара со вас – тие би требало да се чувствуваат слободни да ви кажат се, и да примаат помош од Вас.
  • Покажете добар пример. Kога вашите деца гледаат дека вие верувате во она што го говорите и сте искрени, тие ке бидат повеке наклонети да го следат вашиот пример.
  • Слушајте го вашето дете што има тој или таа да каже.најдете време да слушате и разберете. Вашето дете можеби има проблеми или потешкотии со кои пробува да се справи. Знаејќи дека може да разговара со вас е важно за нив. Оставете ги да зборуваат, не ја правете вашата комуникација “еднонасочна улица”.
  • Бидете искрени. Ако не го знаете одговорот на некое прашање, најдете го одговорот со вашето дете. Посигурно е повеке и е од помош да се открие вистинскиот одговор отколку вие да пробувате да му објасните нешто со кое не сте запознаени.
  • Одржувајте високо ниво на комуникација, афинитет (љубов) и разбирање кон вашето дете за да тоа знае дека вие вистински го разбирате него или нејзе.
  • Направете договор со вашето дете за одржување на вашата взаемна доверба.

Довербата меѓу родителот и детето прави силна врска и живот без дроги.

Вашиот став кон дрогите

Кога градите доверба и добра комуникација, вие треба исто така да го направите и вашиот став кон дрогите јасен. Вашето дете треба точно да знае што вие чувствувате во однос на дрогите за да не се во мистерија (незнаење) во однос на вашата позиција.

Постојат многу начини на кои може да се каже ова и вие треба да комуницирате на начин кој е природен и удобен за вас. Еве неколку предлози:

“Сакам да се осигурам дека ти знаеш оти јас не сакам да користиш дроги. Се грижам за тебе и не сакам да те видам повреден.”
“Дрогите се деструктивни. Тие имаат уништено многу животи. Не сакам да го уништат твојот.”
“Само знај дека јас не сакам ти да користиш дроги или да пиеш алкохол. Сакам да бидеш здрав и успешен.”

Цели и успеси

Исто така важно за вашето дете е да знае каков ефект можат да имаат дрогите врз него и неговата или нејзината иднина.

Корисниците на дроги, од набљудувањето, очигледно седат на лажниот податок дека “ако си безчувствителен ништо не може да те повреди”. Дрогите, тогаш, се најверојатно одбрабна против вистинскиот свет.

Дрогите моаат да ја блокираат болката и други несакани чувства.но има и еден цел спектар на сакани сензации и дрогите ги блокираат сите сензации.

Дискутирањето на ова со вашето дете ви дава можност да му помогнете нему или нејзе да ги види негативните ефекти од дрогите и тогаш да му помогнете нему или нејзе да креира позитивни цели. Откријте што вашето дете сака да прави и изнајдете забавни начини како да се прави тоа. Помагајќи му на детето да постави позитивни цели сега ке му помогнете да се подготви за иднината и оспособи да уживаат во животот, а не да се кријат од него.

Друга важна точка е дека дрогите го попречуваат учењето. Тоа е емпириски (набљудуван) факт. Брзината на учење – должината на време кое треба да се научи нешто – докажано е дека е побавна кај корисници на дроги отколку кај останатите.

Вистинските тестови покажуваат дека брзината на учењето кај човек кој бил на дроги е многу пониска отколку кај човек кој не земал дроги.

Додатно на ова, умешноста, способноста и будноста се главните нешта кои го одвратуваат едно лице да западне во болни ситуации. Овие нешта исчезнуваат со дрогите.

Дрогите ве ставаат во ситуации кои се вистински катастрофални и ве држат во тааа насока.

Начинот на кој вашето дете ке живее среќен живот без дроги е преку учење и подобрување на неговите способности. Преку помагање на него да го направи ова, вие исто така му помагате да постане успешен и да остане слободен од дроги.

Совети за родители

Со тоа што сте пријател со вашето дете, вие помагате да изградите и одржувате една врска од доверба, и правите безбедно за вашето дете да дојде кај вас за помош со проблеми наместо да му се обрати на некој друг или да се сврти кон дроги.

Следниве инструкции се земени од книгата Патот до среката. Тие обезбедуваат помошни совети за тоа како можете да ја изградите таа врска на доверба

Сакање и помагање на децата

Детето по малку наликува на празна плоча. Ако на плочата напишете погрешни работи,таа ке ви зборува погрешни работи. Но, за разлика од плочата, детето може само да почне да пишува :детето се стреми да го пишува она што е веќе напишано.

Детето нема добро да опстане ако на крајот не стане независно и многу морално. Во спротивно,крајниот резултат веројатно ќе биде,дете кое е товар на сите,па и на себеси. Детето не може да опстане долгорочно, ако не му помогнете да зачекори по патот на опстанокот.Нема да биде случајност ако детето тргне по погрешен пат,современото општество е како скроено за неговиот неуспех.

Она што функционира е едноставно да се обидете да му бидете пријател на детето. Сосема е сигурно дека на детето му требаат пријатели.Обидете се да дознаете што е навистина неговиот проблем и потоа без да му ги поразите неговите решенија обидете се да му помогнете во решавањето на проблемите.Набљудувајте ги децата–ова се однесува дури и на бебињата. Слушајте што ви зборуваат за нивниот живот. Дозволете им да помогнат – зошто ако не го сторите тоа,ќе ги совлада чувство на обврска кое подоцна треба да го потиснат.

Од гледна точка на детето, понекогаш е тешко да се разберат родителите. Постојат разлики меѓу генерациите. Но, искрено тоа не е никаква пречка. Кога човек е слаб, искушение е да се побара засолниште во итрини и лаги; тоа е она што го гради ѕидот.

Децата можат да ги ублажат своите разлики со родителите.

Пред да почне каква и да е врева, може барем да се направи обид мирно да се поразговара. Ако детето е отворено и искрено, сигурно барем една од неговите молби ќе има смисла за родителите.Често е можно да се постигне компромис каде што обете страни се разбираат и можат да се согласат. Не е секогаш е лесно да се согласите со другите, но треба да се обидете.

Не смееме да го занемариме фактот дека родителите речиси секогаш поаѓаат од многу силна желба да го прават она за кое тие веруваат дека е најдобро за детето.

Децата за своето воспитување се задолжени кај своите родител-ако родителите тоа им го пружиле.Иако некои родители се толку жестоко самостојни што не би прифатиле враќање на обврските,сепак е вистина дека често доаќа време кога младата генерација треба да се грижи за своите родители.

И покрај се,човек мора да запомни дека тие се единствените родители кои ги има.И како такви,без разлика на се,човек треба да ги почитува и помага родителите или оние кои не воспитале.

Комуникација и разбирање

Комуникација за предметот дроги треба да биде отворен и искрен. Тоа ја одржува довербата и му помага на вашето дете да ја добие вистината од вас.

Имајте на ум дека тоа со кое што имаме тенденција да се согласиме, се стреми да биде пореално отколку тоа со кое ние не се согласуваме. Постои дефинитвна поврзаност мегу согласувањето и реалноста. Реални се тие работи за кои ке се согласиме дека се реални. Нереални се тие работи за кои ке се согласиме дека се нереални. За оние работи за кои не согласуваме имаме многу малку реалност. На пример, тинејџерот можеби нема да се согласи дека таа музика која ја слушате е добра музика – тоа не е многу реално за него или нејзе.

Како тогаш да разговарате со вашите деца? Поставете реалност преку наоѓање нешто со кое двајцата ке се согласите. Потоа одржувајте високо ниво на афинитет (љубезност) највисоко возможно и тогаш сте способни да разговарате со него или неа. Ако ги немате првите две состојби на реалност и афинитет, скоро сигурно е дека третата состојба нема да биде присутна, вие нема да можете да бидете способни да разговарате-комуницирате со него или неа лесно.

Афинитетот, реалноста и комуникацијата се взаемно зависни еден од друг, и кога еден паѓа, паѓаат и другите два исто така. Кога еден се покачува, се покачуваат и двата други. Потребно е само да се поправи една состојба за да се поправат и останатите две состојби. Неопходно е да се поправат две состојби, за да се поправи третата.

Разговарањето за дроги може да биде тешко за вашето дете.

Дајте му на вашето дете време за да одговори кога поставувате прашање. Слушањето е уште поважно од зборувањето.

Разбирање

Разбирањето се состои од афинитет, реалност и комуникација. Кога разбирањето на една индивидуа е одлично, неговиот афинитет, реалност и комуникација се прилично високи, а кога способноста на индивидуата за разбирање е мала, неговиот афинитет, реалност и комуникација се според тоа мали.

Кога ние ги покачуваме овие три делови, сме го покачиле и нечие разбирање. Употребата на внатрешната поврзаност на афинитетот, реалноста и комуникацијата го постигнува ова.

Преку покачување на вашиот афинитет, реалност и комуникација со вашиот син или керка, вие градите подобро разбирање меѓу двајцата.

Грижа

Запаметете дека бивањето родител не е прашање на казна или ограничување, туку прашање на грижа. Вие сте тој кој ја прави околината безбедна за вашите деца да бидат независни и да прават сопствени избори.

Некои работи кои вие можете да ги сторите и да бидете таму за вашето дете:

  • Знајте ги неговите другари: кој, што, кога и каде.
  • Знајте ги родителите на другарите и пријателите на вашиот син или керка.
  • Бидете будни; забележете кога нешто изгледа дека не е во ред и бидете смирени
  • Земете телефонски број на кој можете да ги добиете вашите деца.
  • Осигурајте се дека тие знаат како да се справат со ризични ситуации.
  •  Превземете акција за помош.

Што ако вашиот син или керка ве праша дали вие некогаш сте земале дроги?

На вас останува да одлучите колку информации сакате да му дадете на детето за вашите искуства. Вие можете да се чувствувате поудобно кажувајки му на вашето дете за искуствата на другите луге кои вие сте ги набљудувале.

Често децата можат да имаат добивка од добивање различна гледна точка од другите.

Како и да е, ако сте земале дроги, важно е да ги искомуницирате негативните ефекти од нив.

Бидете реални; немојте да претерувате во негативните ефекти со “тактика на плашење” и немојте да ги величите искуствата со дрогите.

Без разлика на се, одговорете им на прашањата на вашето дете. Со одговарање на неговите или нејзините прашања им давате должна почит.

И никогаш немојте да лажете за вашите искуства со дрогите.една лага може да ја уничти довербата која ја имате вие и вашето дете.

Кога можам да разговарам со моето дете за дрогите?

Има многу можности за родителите да разговараат со нивните деца; тие само треба да ја искористат предноста од нив.

Еве неколку примери:

  • Во кола
  • За време на вечера
  • Правејќи прошетка
  • После гледање на филм или ТВ-емисија во кои се прикажува употреба на дроги
  • Поминувајќи време со вашето дете во вашиот дом
  • Пред спиење

Вие дури можеби ке треба да го испланирате и да одлучите да имате специфицно време само за вас и вашиот син или керка и да комуницирате за дрогите. Каде и како го правите тоа, тоа е добро поминато време.

Советувајте ги децата за справување со ризични ситуации

Реалноста е дека многу деца и тинејџери не употребуваат дроги. Како и да е, тие често се соочени со дроги и употреба на дроги. Осигурете се дека тие знаат како да се справат со овие ситуации.

Нешта кои децата можат да ги кажат:

“Не ми се допага земањето дроги.”
“Тие ке ја уништат мојата игра.”
“Тренерот/моите родители би ме убиле ако дознаат.”
“Не сакам да си го уништам, моите бели дробови/тело/итн.”
“Не благодарам.”

Постојат многу други начини и вие можете да му помогнете на вашето дете да го изнајде најдобриот начин за него.

Нешта кои децата можат да ги направат:

  • Да си заминат
  • Да им се јават на нивната мајка/татко/пријатели да ги земе
  • Да викнат такси да ги однесе дома
  • Да се јават некому кому веруваат и да ја добијат нивната помош
  • Нека вашето дете се држи до други деца кои не земаат дроги. Многу полесно е за него или неа само да каже “не” со пријатели кои ке го поддржат.

Направете да е јасно дека вашето дете може секогаш да ви се јави и да добие помош без разлика од ситуацијата.

Превземете акција

Што да сторите доколку вашето дете зема дроги:

  • Откријте зошто вашето дете почнало да зема дроги и помогнете му да ја разреши причината зошто воопшто почнало да зема дроги.
  • Ефективно покажете му дека дрогите се штетни
  • Направете вашиот син или керка да разговара со медицински персонал во итна помош кои имаат видено случаи на зависници кај нив..
  • Направете вашиот син или керка да разговара со поранешен зависник.
  • Пред се, немојте да го игнорирате тоа. Погрижете се да откриете зошто почнале. Направете да е безбедно за вашето дете да разговара со вас. Прашајте, а потоа слушајте што тој или тааа има да каже. ако го правите ова, ако останувате смирени и работите како пријател да ја најдете вистинската причина, вистинскиот проблем кој тие се обидувале да го решат, и ако им дозволите да зборуваат, вие можете да им помогнете повеке отколку што можете да си замислите. и вие ке им помогнете да направат перманентна промена.
  • Направете вашиот син или ќерка да погледне повторно во нивното однесување и потпишете споразум дека тие нема да го прекршат законот или куќните правила за пиење алкохол или употребување на други дроги.
  • Направете вашиот син или ќерка да најде работа или да прави конструктивни акции во околината за да придонесуваат и помагаат ,отколку да прават штета.

Вклученост на заедницата

  • Откријте дали има групи против дрогата или здруженија на граѓани во вашата заедница и присоединете им се.
  • Почнете ваша сопствена група против дрогата и направете вашите соседи да се придружат.
  • Правете безалкохолни забави во блокот или пикници во природа
  • Помогнете им на вашите деца да започнат во клубови во заедницата, во области за коисезаинтересирани(кошарка,правење филмови,цртање/сликање, пливање, планинарење, фудбал, итн.)
  • Воспоставете програми за работа во заедницата за младите тинејџери , како што е бебиситерство или тревокосење,собирање губре итн.
  • Осигурете се дека има Програма за едукација за дроги во училиштето на вашето дете,ако нема ангажирајте се да се воспостави.
  • Волонтирајте со вашето дете во вашата религиозна заедница и помагајте ја.

Заклучок

Не сте сами во соочувањето со овој деструктивен елемент. и други родители исто така мораат да се справат со ова. Заедно работејки, можете да си помогнете да ја направите вашата околина побезбедно место за растење и живеење на вашите деца.

Ако имате некои прашања или знаете некој на кого му треба помош, посетете ја нашата веб страна www.narconon-balkan.org или јавете се на +389 4380 0097.

АВТОРОТ

Narconon Balkan

НАРКОНОН БАЛКАН

ЕДУКАЦИЈА И РЕХАБИЛИТАЦИЈА ОД ДРОГА

Добијте помош сега
ЈАВЕТЕ СЕ НА