Се чувствувам посигурен во себеси

Овој курс за мене има едно огромно значење, кое придонесе огромни промени кај мене. Вежбите за обука за објективите ме направија посмирена и постабилна личност. Сега можам да се контролирам себеси, да бидам поприсутен и да ги надминам препреките кои ќе се појават во секојдневниот живот. Една од најдобрите работи за мене на овој курс беа вежбите за комуникација, со кои ми се подобри комуникацијата на многу повисоко ниво од претходно и претставува една огромна промена за мене и голем успех.

Слика од www.pexels.com.
Слика од www.pexels.com

Бидејќи со комуникацијата се сретнуваме секојдневно и насекаде, благодарение на овие вежби се чувствувам посигурен во себеси, верувам во својата намера, бидејќи знам дека можам да бидам поистраен и да се справам со секоја препрека која што ќе ми се појави во текот на животот. Да ги придобиеш добрите, позитивните нешта од овој курс е прекрасно бидејќи имаш една огромна корист од нив која што не само ќе ми помогне во текот на објективите, туку ќе имам и огромна полза од нив во мојот понатамошен живот. Несигурноста, колебливоста и другите нешта кои ми правеа пречки исчезнаа, останаа само убавите и добрите работи кои засекогаш ќе останат во мојот живот.

Д.Т. – Студент во Нарконон Балкан


За да ја зачуваме приватноста, сликата која ја прикажуваме не го прикажува директно Нарконон студентот или студентот кој има завршено Нарконон програм.

АВТОРОТ

Narconon Balkan

НАРКОНОН БАЛКАН

ЕДУКАЦИЈА И РЕХАБИЛИТАЦИЈА ОД ДРОГА

Добијте помош сега
ЈАВЕТЕ СЕ НА