Шанси и можности наспроти пречки и откажувања

(За да ја зачуваме приватноста, сликата која ја прикажуваме не го прикажува директно Нарконон студентот или студентот кој има завршено Нарконон програм.)

Секое нешто има своја важност и своја вредност. Сум бил еден човек кој што ги перцепирал само негативните особини, без воопшто да им дадам шанса на работите околу мене и без воопшто да се трудам да побарам и да видам нешто корисно и добро во нив. Штом ќе воочев нешто негативно, мојот ум автоматски се фиксираше на тоа и врз база на тоа донесував заклучоци за отфрлување и откажување.

Во секоја ситуација барав пречки и недостатоци кои што ме тераа да се откажувам и да критикувам. Но сега во секоја ситуација гледам шанси и можности, и сега гледам што навистина имам а не што ми недостасува. Исто така ми фалела транспарентна комуникација, без никакви заобиколувања. Не треанспарентното пренесување на идеи ми создаваше параноични мисли кои што потоа прераснуваа во деструктивни мисли и на крај правев и деструктивни акции. Мора да признаам дека врз нејаснотиите главни беа дрогите и алкохолот.

„Кога се движиме кон нашата цел секогаш ќе имаме дистракции, но кога целите се јасни и знаеме навистина што сакаме да постигниме, врз тој процес не можат да влијаат деструктивни работи.“
Бев таков човек кој врз секоја цена сакав да биде по мое, а гневот беше мој водич, но сега разумот е пред се. Кога се движиме кон нашата цел секогаш ќе имаме дистракции, но кога целите се јасни и знаеме навистина што сакаме да постигниме, врз тој процес не можат да влијаат деструктивни работи.

Кога ја правев вежбата воопшто не почувствував дилема дали воопшто направив правилен избор и воопшто ниту размислував како да ја извршам командата. Вежбата ја правев со леснотија. Се чувствувам многу добро и ова е голем пресврт за мене, затоа што од сега па понатаму пред мене ќе има само можности а не пречки.

Студент на Нарконон Балкан – Б.С.

АВТОРОТ

Narconon Balkan

НАРКОНОН БАЛКАН

ЕДУКАЦИЈА И РЕХАБИЛИТАЦИЈА ОД ДРОГА

Добијте помош сега
ЈАВЕТЕ СЕ НА