Со труд и јака волја до тело исчистено од Остатоците од Дрога

 Детоксикацијата – Нов Живот

Кога требаше да почнам со Детоксикацијата – Нов Живот бев ненаспан и уморен, со слабо тело, блед во лицето, малку нервозен, растревожен и со заматен ум кој постојано мислеше на дроги. На почетокот мислев дека нема да имам сила да трчам пред сауна бидејки бев многу залежан и немав кондиција но почнав да трчам и увидов дека не е толку страшно како што си замислував. Се плашев дека нема да можам да ја издржам жештината во сауна но со јака волја успеав во тоа и видов дека се може ако се сака. Првите денови беа тешки и жешки со многу пот но како поминуваше времето излегуваа отровите од телото и започнаа моите победи и придобивки.

„На почетокот не верував но сега сум сигурен дека со труд, јака волја и помош од персоналот детоксикацијата навистина дава нов живот.“

Главоболките кои беа премногу големи сосема исчезнаа. Ми се зголеми квалитетот на спиење, повеќе не се будам по три пати на ноќ, спијам мирно, цврсто и без прекин по осум - девет сати. Исто така и кошмарите поврзани со дрога исчезнаа. Добив боја на лицето, редовно јадам и успеав да ја вратам килажата која ја имав изгубено со земањето на дроги, се вратив стариот јас. Нервозата конечно исчезна, премина во смеење и во добра комуникација. Станав по активен физички и акции ги правам без мака и без многу да се заморувам а тоа ме исполнува. На почетокот не верував но сега сум сигурен дека со труд, јака волја и помош од персоналот детоксикацијата навистина дава нов живот.

Студент во Нарконон Балкан – Г.Т.

АВТОРОТ

Narconon Balkan

НАРКОНОН БАЛКАН

ЕДУКАЦИЈА И РЕХАБИЛИТАЦИЈА ОД ДРОГА

Добијте помош сега
ЈАВЕТЕ СЕ НА