Станав Посвесен и Со Поголема Трпеливост

После програмата за Детоксикација почнав со другиот дел од Нарконон Програмата. Самиот не можев да поверувам дека со помош на вежбите што ги правев човек може толку многу да се промени.

За мене - човек кој користел дрога цел живот, кој не можел да направи ништо без дрога, не можел да прими ниту една комуникација без да избувне - ОВА Е ВИСТИНСКО ЧУДО.

Да бев свесен за последиците што можат да му се случат на моето тело, многу работи уште одамна би ги прекинал. Но, тогаш ми беше важно само мојата зависност да биде задоволена.Сега како што станувам посвесен, не ми се верува како сум можел да го направам најдолното нешто - најгнасното нешто.

Јас - од толку избувлив и нетрпелив човек станав целосно посмирен и човек со поголема трпеливост; човек кој има разбирање, трпение за другите околу него. Можам да ислушам некого, да се радувам со некој друг за неговите победи; можам да се справам со моите потешкотии но исто така и со потешкотиите на некој друг.

Пред да дојдам тука во Нарконон Балкан , многу сочувствував со луѓето; секогаш во такви ситуации сум користел нешто мислејќи дека така ќе ми биде подобро, си мислев дека тоа е вистинската убавина и правилниот начин да се справам со нештата.

Но сега се уверив самиот дека некоја работа, потешкотија ќе ја видам од повеќе агли, многу ми е полесно да ја справам и да донесам правилна одлука.

Колку само штета ми има направено мојата зависност, но сега ми е многу подобро откако го знам сето тоа и ќе знам и понатаму во животот како да се справувам со различни ситуации кои ми правеле повеќе штета и на мене самиот и на другите околу мене.

М.Н - СТУДЕНТ ВО НАРКОНОН БАЛКАН

АВТОРОТ

Narconon Balkan

НАРКОНОН БАЛКАН

ЕДУКАЦИЈА И РЕХАБИЛИТАЦИЈА ОД ДРОГА

Добијте помош сега
ЈАВЕТЕ СЕ НА