„СТАВИВ КРАЈ НА ЖИВОТОТ ВО ЛАГИ“

Успеав да научам како да живеам нормално т.е. како да живеам без да имам потреба од било какви штетни супстанции ( дрога, алкохол …).

Почнав да се грижам за себе и да не си наштетувам на моето тело. Си ја подобрив комуникацијата .

Во текот на Детоксикацијата си го исчистив моето тело од отрови коишто многу ме спречуваа во моето секојдневно функционирање. Со самото чистење на отровите ми се зголеми енергијата, желбата за живот , заинтересираноста за работите околу мене. Можам без никаква тешкотија да ги извршувам секојдневните активности. Мојата свесност, перцепција, контрола многу ми се подобрија.

Многу голем успех што го постигнав во текот на Нарконон Програмата е што ја открив причината зошто постојано се навраќам на дрогата, открив што е тоа што ме спречува во мојот напредок , што е тоа што постојано ме турка надолу.

Ги увидов сите мои грешки но и последиците од тие мои грешки.

Сега сум поодговорна личност, која нормално функционира во сегашноста. Со самото тоа што станав поодговорен станав и почесен и посигурен во себе.

Многу сум среќен што се одлучив на ваков чекор – да ставам крај на моето искуство со дрогите , да дојдам во Нарконон Балкан и целосно да си го сменам мојот живот.

Ф.Л. - СТУДЕНТ ВО НАРКОНОН БАЛКАН

АВТОРОТ

Narconon Balkan

НАРКОНОН БАЛКАН

ЕДУКАЦИЈА И РЕХАБИЛИТАЦИЈА ОД ДРОГА

Добијте помош сега
ЈАВЕТЕ СЕ НА