Што да направите кога ваш близок одбива да оди на рехабилитација

Дел II од серија од два дела. Кликнете тука за Дел I.

Апсолутно е срцепарателно. Го гледате влошувањето. Нечесноста. Болеста и многу често, криминал. Ќе најдете програма за рехабилитирање од зависности што мислите дека ќе функционира и ќе му ја понудите на вашиот близок. Тој (или таа) ви се смее во лице или ве напаѓа дури и за тоа што сте му понудиле такво нешто. Што можете да направите сега? Како можете да го убедите дека рехабилитацијата ќе го спаси неговиот живот? И што треба да се случи во таа рехабилитација за враќање на лицето што знаете дека сеуште е таму, некаде, скриено зад дрогата?

Знајте го ова:

Без разлика што вели вашата блиска личност, тој или таа НЕ сакаат да бидат зависници.

Ова е вистина, без разлика колку тој се бори против идејата за рехабилитација, без разлика колку тешко тој работи да остане зависник. Ако го знаевте ова лице пред зависноста да му ја украде светлината, знаете тој навистина каков е и што сака од неговиот живот. Тоа не е зависност.

Неговата способност да ја прифати помошта е погребана под планина на вина и болка. Се разбира дека тој ќе каже не. Не се изненадувајте.

Да, постојат неколку исклучоци, луѓе кои молат за помош за добивање на рехабилитација, а потоа се применуваат себеси откако ќе стигнат таму. Но, тие се малцинство.

Интервенции

Можеби ќе треба да направите интервенција за ја убедите личноста да каже "да". Интервенциите навистина можат да функционираат ако се правилно подготвени. Ако некое семејство направи интервенција на најдобар можен начин и не успее, може да се искористи професионален интервенционист за да се сврти ситуацијата.

Напишавме неколку статии на оваа тема кои можат да ви помогнат.

Избор на вистинска рехабилитација

Добивањето на согласност од лицето да оди на рехабилитација е само мал дел од решението. Исто така, мора да ја изберете вистинската програма за рехабилитација. Бидете сигурни дека програмата што ќе ја одберете има чекори кои му помагаат на едно лице да ги реши проблемите во неговиот живот што го навеле да почне да користи дрога или да пие алкохол.

Како Нарконон му помага на личноста да започне нов, трезвен живот

Постојат четири различни делови на Нарконон програмата за рехабилитација од дрога. Секој чекор го подготвува лицето за да успее на следниот чекор, постепено градење на нивната способност за да ужива во продуктивен, живот без дрога после дипломирањето.

Чекор број еден: Одвикнување без употреба на дроги

Како прв чекор, личноста ќе биде риспитана од Медицинскиот директор на центарот за да утврди што точно ќе биде програмата за повлекување на лицето за безбедно и брзо ослободување од сите дроги или алкохол, колку што е можно поедноставно. Во некои случаи, како што е пролонгирана и тешка употреба на алкохол, метадон или бензодијазепини, неопходен е медицински чекор за детоксикација пред да започне програмата Нарконон.

Лице што почнува со рехабилитација може да се плаши од повлекувањето од дрога, мислејќи дека ќе остане во мизерија. Не е така. Одвикнувањето во Нарконон е целосно поддржано од првиот момент кога ќе пристигне лицето. Додавање на исхраната и суплементите од витамини и минерали веднаш почнуваат повторно да ги обновуваат резервите на човекот и помага да се смират физичките реакции на повлекувањето. Додатокот на витамини како Б комплексот и витамин Ц помага во детоксикацијата и минералите помагаат да се смират болките и грчевите. Еден-на-еден работа со вработените вклучува нежни вежби за олеснување на телото и умот и пренасочување и ориентирање на поединецот на неговата нова, безбедна локација. Нежно, болката и траумата почнуваат да се оставаат во минатото. Кога лицето добро јаде и спие и повеќе не чувствува симптоми на повлекување, тој (или таа) ќе напредува кон следниот чекор.

Чекор број два: Детоксикацијата Нов Живот

Бидејќи лицето е веќе на одвикнување, на што се однесува овој чекор на детоксикација? Задржаните остатоци од дрога и алкохол заглавени длабоко во масните ткива. Комбинација на поминато време во сауна, додатоци во исхраната и умерено вежбање ја активираат способноста на телото да ги ослободи овие остатоци. Од ден на ден, изгледот на личноста се разведрува и неговото размислување се расчистува. Од ден на ден, тој ја враќа својата личност. Многу луѓе зборуваат за начинот на кој нивните желби за дрога престанале да ги чувствуваат за време на овој чекор. Некои луѓе дури велат дека нивните физички желби за дрога ги нема. Овие подобрувања му овозможуваат да почне да ги учи вештините кои ќе им бидат потребни за да останат трезвени по дипломирањето.

Чекор број три: Објективи

Сега, неопходно е едно лице да се ослободи од минатото и да стекне способност да ја контролира својата сегашност и иднина. Ова се постигнува на Објективите. Дел учење и дел реални вежби, ова е местото каде што траумата од минатото престанува да го покажува своето огромно влијание, каде што едно лице учи како да ги контролира своите постапки, одлуки, па дури и неговите мисли. Конечно, едно лице може да го напушти животниот стил на зависник зад себе.

Чекор број 4: Обука за Вештини во Живеењето

Со почиста, свежа гледна точка и зголемени способности, секое лице е подготвено за да се здобие со секојдневни вештини што ќе му требаат да ја заштити својата трезвеност. Тој треба да научи како влегол во овој хаос на прво место. Тоа значи учење дека некои луѓе се лоши соработници, бидејќи тие навистина не се грижат за вашата благосостојба. Од витално значење е да научите како да ги идентификувате и да ги отстраните од вашиот живот. Едно лице исто така мора да научи како да го врати својот личен интегритет откривајќи како се губи интегритетот. Со примена на овие принципи во сопствениот живот, самопочитта може да се врати назад, бидејќи вината конечно е ослободена. И конечно, вештините за решавање на проблемите им овозможуваат на секој човек да го преземе предизвикот за поправање на врските и надминување на идните пречки за среќа.

Иднината на вашата сакана личност може да биде без дрога, здрава и продуктивна. Дознајте повеќе со повик до Нарконон

Кликнете на следниов линк за да го прочитате Дел I од оваа серија - Му понудивте на ваш близок рехабилитација, но тој одбива… Зошто?

Ако имате некои прашања или знаете некој на кого му треба помош, посетете ја нашата веб страна www.narconon-balkan.org или јавете се на +389 4380 0097


Преземено и преведено од www.narconon.org

Автор: Karen

АВТОРОТ

Narconon Balkan

НАРКОНОН БАЛКАН

ЕДУКАЦИЈА И РЕХАБИЛИТАЦИЈА ОД ДРОГА

Добијте помош сега
ЈАВЕТЕ СЕ НА