Стравовите исчезнаа

Пред да дојдам во Нарконон дрогата ми беше утеха и спас за сите мои проблеми.

Се повеќе се затворав во себе.

Се криев од сите, живеев во страв. Почнав да се коцкам. Се задолжував кај ќе стигнам. Марихуаната се повеќе и повеќе ме исцрпуваше. Телото ми омалаксуваше. Ми се промени целосниот физички изглед. Со целата моја фамилијане бев во лоши односи, секојдневни расправии. Животот ми тонеше, посакав да променам нешто, ми беше смачено од се.

Решение гледав само во Нарконон, бидејќи знаев за штетите што ги предизвикуваат лекарствата кои се даваат како замена за дрогите.

На почетокот не верував во Нарконон, се некако ми изгледаше премногу лесно. Но денес можам да кажам дека јас сум среќен. После 3 месеци поминати во Нарконон јас го променив моето мислење, јас самиот се променив.

Си ја вратив самодовербата, изгледам подобро, си го исчистив телото, лесно се движам и лесно извршувам секаква работа.

Си ја средив комуникацијата, сега знам што зборувам и како да зборувам, знам дека треба и другиот да го ислушам што има да каже. Научив да примам и негативни коментари и врз основа на тоа да се корегирам и подобрувам самиот.

Со еден збор се чувствувам прекрасно и среќен сум што постои Нарконон.

Д.Т. – СТУДЕНТ ВО НАРКОНОН БАЛКАН

АВТОРОТ

Narconon Balkan

НАРКОНОН БАЛКАН

ЕДУКАЦИЈА И РЕХАБИЛИТАЦИЈА ОД ДРОГА

Добијте помош сега
ЈАВЕТЕ СЕ НА