Успеав и без лекарства

Narconon Balkan
(За да ја зачуваме приватноста, сликата која ја прикажуваме не го прикажува директно Нарконон студентот или студентот кој има завршено Нарконон програм.)
 

Пред да откријам за Нарконон програмата јас бев во многу центри за рехабилитација каде што се употребуваат различни видови на лекарства. Не сакам да ги именувам затоа што со секое завршување на истите јас немав никаква волја за живот, немав соочување за луѓето и мојата комуникација беше на многу ниско ниво. Едноставно незнаев што правам, се осеќав изгубено, дури можам да кажам дека ми беше потешко и од кога земав дрога, мојата состојба беше многу лоша. Со години мојот живот се состоеше од рехабилитација, па потоа пак дрога и така во круг каде што пропаѓав надолу а негледав излез нагоре. 

„И така беше, успеав, стекнав голема самодоверба и се чуствувам многу спремен за да продолжам да го живеам мојот живот заедно со мојата фамилија без дрога.“

Со Нарконон програмот решив да си дадам последна шанса на себеси во која осеќав страв како тоа ќе успеам без никакви лекови или некоја замена за дрогата. Со секој чекор што го правев бев изненаден колку добро функционира таа технологијата, нема да лажам дека ми беше лесно, но со секој следен чекор јас станував се поцврст и посамоуверен дека ќе успеам. И така беше, успеав, стекнав голема самодоверба и се чуствувам многу спремен за да продолжам да го живеам мојот живот заедно со мојата фамилија без дрога. Научив на правилен начин да ги решавам сите ситуации, да немам предрасуди за околината, да препознавам луѓе кои имаат добри намери и да се држам настрана од лошото влијание. Постанав храбар со помош на персоналот кој работи таму и безусловно ми помагаше секојдневно. Голема благодарност за нивната поддршка, затоа што денес јас сум уверен дека ќе живеам среќен живот без зависности.

В.Г. дипломец на Нарконон


АВТОРОТ

Narconon Balkan

НАРКОНОН БАЛКАН

ЕДУКАЦИЈА И РЕХАБИЛИТАЦИЈА ОД ДРОГА

Добијте помош сега
ЈАВЕТЕ СЕ НА