Валканата вистина за метадонот

Од сите дроги што постојат, улични дроги или оние на рецепт, никоја не е толку погрешно разбрана како метадонот. Луѓето, дури и оние кои имале искуство од прва рака со овој синтетички опиоид, едноставно не разбираат што е метадонот, како функционира, и вродените опасности што ги носи тој.

метадонот

Ние и претходно пишувавме за метадонот и ќе пишуваме за него повторно и повторно. Ние нема да запреме додека луѓето не ја сфатат вистината за оваа хемикалија! Што е таа вистина, се прашувате? Едноставно - метадонските апчиња и течноста се опасни и потенцијално смртоносни.

Метадонската доза варира многу и предозирањето не е невообичаено. Ова е точно дури и за оние кои се на дрогата веќе подолго време. Зборувајќи за подолг период на земање метадон, има нешто што се нарекува супституциона терапија со метадон. Додадете во ова една веќе комплицирана равенка на различни мислења за тоа дали земањето метадон е "дозволено" и “добро” за опоравување и добро можете да видите зошто има такво жестоко недоразбирање.

Значи, со сето ова на ум, да видиме дали не можеме да фрлиме малку светлина врз она што е навистина овој опиоид. Прво, ајде да ги погледнеме дозите на метадон.

Дози на метадон

Метадонските таблети

Метадонските таблети и течности доаѓаат во многу различни јачини. Овие може да се движат од пет милиграма таблети до 100+ милиграмски сирупи. Важно е да се запамети дека дозата на некој на метадон зависи од тоа зошто го земаат лекот на прво место и реакцијата на неговото телото.

На некои луѓе им е препишан метадон за прашања поврзани со болка. И покрај тоа што се смета само како форма на терапија со помош на лекови, метадонот има долга историја на употреба за намалување на хроничната болка.

Во овој случај, дозирањето на метадонот на поединецот обично е многу помало отколку ако тие го земале лекот како форма за лекување на зависност. Ова е затоа што веројатно немаат толеранција на опиоидите. Со текот на времето, лекарите ќе ја прилагодат дозата на метадонот на пациентот во зависност од нивното ниво на болка и колку добро ги толерираат различните несакани ефекти.

Од друга причина, метадонот најчесто се препишува и да им помогне на зависниците од хероин и други опиоиди (оксикодон, хидрокодон и тн.). Ова е исто така познато како супституциона терапија со метадон. Јас ќе го испитам ова во длабочина подолу, но прво да ги погледнеме дозите.

Метадонската доза на некој е во голема мерка, многу повисока ако тие се на терапија. Ова има смисла, бидејќи тие веќе имаат веќе толеранција кон опиоидите. Метадонската доза на пациентот додека прима терапија за одржување може да биде и до 200 милиграми. Сепак, и тука е местото каде што работите се контроверзни, предозирањето со метадон е повисоко кај луѓето кои примаат супституциона терапија со метадон отколку кај оние што го примаат за хронична болка.

Можеби ова се должи на многу различни начини за кои овие луѓе го конзумираат метадонот. Едните го земаат за да ја ублажат болката, а другите го земаат за да немаат апстиненцијални кризи. Едните се "нормални”, другите се зависници.

Метадонот во Македонија

Во Македонија “лекувањето” на лица што употребуваат дроги со супституциона терапија со метадон се спроведува низ целата земја преку службите за превенција и третман од злоупотреба на дроги и тоа во: Тетово, Охрид, Битола, Гевгелија, Струмица, Кавадарци, Куманово, Штип и Велес. На ниво на град Скопје лицата зависни од дроги се лекуваат со метадонска терапија во Центарот за превенција и лекување на злоупотреба на дроги и други психоактивни супстанции во Кисела вода – Скопје (кој претставува одделение на Психијатриската болница Скопје) и Службата сместена во кругот на поранешниот Клинички центар Скопје, а во надлежност на Центарот за превенција и лекување на злоупотреба на дроги и други психоактивни супстанции во Кисела Вода – Скопје. Лекувањето со метадон се спроведува врз основа на упатство за начинот на вршење на здравствената дејност која се однесува на примена на метадонот при третманот на опиоидна зависност. - Третманот со метадон во јавните здравствени установи е бесплатен.

Метадонот во Македонија

Ефикасност од метадонската терапија нема. Само десет отсто од пациентите можат да се “излекуваат”, а од 90 до 96 отсто остануваат до крајот на животот на метадон. Тој е дрога како и хероинот, дури е поотровен и потоксичен.

Во очите на некои зависници од дрога и нивните семејства се додека лицето повеќе не конзумира смртоносни количини на хероин и други опијати, тогаш тоа "нема штета, нема прекршок". Одговорот на зависноста од опијати е БЕЗ повеќе опијати. Третирање на зависноста од опијати на овој начин е како да се обидувате да се борите против оган со оган; Вие нема да постигнете ништо.

Не постојат лекови кои ефикасно и целосно се справуваат со злоупотребата на супстанции на лицето. Во еден момент опиумот беше решение за зависност од алкохол. Морфин беше решение за зависноста од опиум. Хероинот беше решение за зависноста од морфин и така натаму. Историјата докажува дека решението за една зависност од дрога е да нема друга дрога. Ајде да учиме од историјата и да пробаме нешто ново. Ајде да се справиме со вистинските основни причини за зависноста и да го вратиме лицето на нозе, силно, самостојно и да останене трезвен, продуктивен, член кој придонесува за општеството.


Ако вие или некоја личност што ја познавате се бори да ги справувате своите зависности, разговарајте со советник во Narconon Balkan.

АВТОРОТ

Narconon Balkan

НАРКОНОН БАЛКАН

ЕДУКАЦИЈА И РЕХАБИЛИТАЦИЈА ОД ДРОГА

Добијте помош сега
ЈАВЕТЕ СЕ НА