Водич на својот живот
Пред околу 9 месеци јас бев човек кој немаше интерест за својот живот воопшто. Како одминуваше времето и како чекорев низ програмата на НАРКОНОН јас почнав да се засакувам самиот себе па потоа и сите околу мене. Во текот на програмата јас станав личност која си ги соочи своите грешки и која си ги прости истите, своето бурно и неквалитетно минато го замени со успешна и светла иднина. Постанав личност која со разум ги решава проблемите кои доаѓаат, личност која сака да биди активна во секој аспект од животот за да биде добар пример во ова општество.
„Нарконон ме направи човек кој се гордее со самиот себе и постанав најдобрата верзија од себеси.“
Нарконон ме направи човек кој се гордее со самиот себе и постанав најдобрата верзија од себеси. Сето ова не би било возможно без едукацијата која ја има тука од која ги зедов сите алатки за нормален и правилен живот. Овие неколку реченици се само доказ дека оваа програма од мене направи самоуверена личност која е лидер на својот живот и се грижи за истиот. Огромна благодарност до целиот тим за тоа што ми покажаа дека секој заслужува втора шанса!!!