Вратен на вистинскиот пат

Не верував дека можам да го оставам хероинот и останатите дроги, бев потполно сам и се чувствував уништено на оваа планета. Имав чувство дека целото општество е непријателски настроено кон мене и како да го чекав крајот на моето постоење. Бев целосно скршен од тага, гнев и омраза. Се решив да дојдам во Нарконон Балкан и за прв пат во животот донесов исправна одлука. Поминав низ куп брда и планини, ги совладав сите умствени бариери и вистински уживам во секоја остварена победа. Научив дека среќата е послем сите потешкотии и промени. Со напорна работа успеав да изградам свои лични вредности, да бидам искрен, чесен и поштен човек со голема самопочит.
„Го сменав комплетно моето однесување, научив да комуницирам на пристоен начин и сега сум човек од збор и доверба...“
Дрогата ми го имаше затворено умот во минатото и ме имаше направено злобен човек но со напорна работа го отворив хоризонтот и постанав добар човек. Го сменав комплетно моето однесување, научив да комуницирам на пристоен начин и сега сум човек од збор и доверба. Трпението и истрајноста ми се едни од омилените придобивки од програмата во Нарконон Балкан, затоа што предходно бев без разбирање и се откажував на првите препреки. Конечно почнав да го креирам својот живот, да имам цели и да правам акции за истите да ги достигнам полесно. Се чувствувам преродено и сум активен во сите аспекти од мојот живот, повторно имам доверба од моето семејство и сум вратен на вистинскиот пат кон среќата. Голема благодарност до персоналот во Нарконон Балкан за тоа што ми помогнаа да бидам подобар човек!!!
М. Л. дипломец на Нарконон Балкан