Желбата за алкохол исчезна

После завршувањето на Програмата за Детоксикација почнав да се чувствувам одлично, физички и ментално. Сите оние проблеми кои ги имав претходно – несоница, страв, нервоза, анксиозност, нередовно јадење, слаба концентрација, несигурност, треперење на рацете и многу други исчезнаа во потполност. Сега со сигурност можам да кажам дека сосема поинаку гледам на се што се случува околу мене.

Имам волја и желба за работа, меморијата ми е потполно вратена, потребата за алкохол исчезна, едноставно кажано сакам да живеам нормален живот исполнет физичка и ментална активност. Чувствувам дека организмот ми е во целост прочистен од сите токсини, пред се од алкохолот кој го консумирав долго време. Размислувањата ми се променија, дури сега сфатив колку ми значела и фамилијата и некои пријатели кои ако продолжев со стариот живот лесно ќе ги изгубев.

На крајот би кажал дека во потполност сум подготвен да продолжам да живеам нормално, во целост да се посветам на семејството, работата, дружењето со пријателите, колегите.

И многу сум благодарен на целиот Тим на Нарконон Балкан без чија помош немаше да ја завршам успешно Програмата за Детоксикација.

Е.Д.- СТУДЕНТ ВО НАРКОНОН БАЛКАН

АВТОРОТ

Narconon Balkan

НАРКОНОН БАЛКАН

ЕДУКАЦИЈА И РЕХАБИЛИТАЦИЈА ОД ДРОГА

Добијте помош сега
ЈАВЕТЕ СЕ НА