Животната сила повторно се разбуди во мене

Narconon Balkan
(Слика од Bethany Legg/Unsplash.com)
 

Благодарение на програмата на Нарконон до сега стекнав неколку придобивки. Многу послободно и поопуштено го доживувам секојдневието. Исчезнаа напнатоста, нервозата, стравот и стресот. Успеав да ги стабилизирам мислите и не само тоа туку сега само безгрижни но реални размисли имам. Самодовербата ми е повратена. Успеав да не осудувам и проценувам туку да разбирам, затоа сум многу посмирен и опуштен.

Кај мене, благодарение на програмата, се формира позитивна слика за самиот себе. Таа е проследена со досега непознати за мене атрибути – упорност и посветеност. Чудно за мене но тоа не ми е товар туку напротив ме исполнува и ме мотивира.

Чувствувам дека енергијата, животната сила повторно се разбуди во мене. Сега, за разлика, умеам да ја усмерам во вистински правец и затоа не чувствувам притисок и немам потреба од одвртување на „сигурносниот“ вентил.

Со мои зборови кажано, можеби и моето крунско достигнување овде е дека научив како да учам. Тука со помош на вежбите, буквално имам чувство како некој со огромен вентилатор да чекори пред мене и ја растерува маглата. Не толку густа можеби но многу компактна. Заклучоци пред време, констатации без аргументи, однапред спремни одговори, напуштање на бојното поле и после најмала загуба, колебливост и непостојаност ја правеа маглата за мене непровидна.

„Чувствувам дека конечно ќе успеам да го поставам камен – темелникот на животот за кој што сум створен. Креативен, спокоен, здрав и исполнет живот.“

Излегувам од маглата и видикот сега ми е широк. Чувствувам дека конечно ќе успеам да го поставам камен – темелникот на животот за кој што сум створен. Креативен, спокоен, здрав и исполнет живот.

Љубопитен сум и нетрпелив да зачекорам смело кон она што ме врати во живот.

Со благодарност,

Студент на Нарконон Балкан – К.Д.


АВТОРОТ

Narconon Balkan

НАРКОНОН БАЛКАН

ЕДУКАЦИЈА И РЕХАБИЛИТАЦИЈА ОД ДРОГА

Добијте помош сега
ЈАВЕТЕ СЕ НА