ЖИВОТОТ Е УБАВ

Нарконон Програмата е составена од неколку чекори т.е. делови кои ја прават уникатна. Еден од тие чекори кој е веднаш после делот Детоксикација е Комуникациски вештини. Студент во Нарконон Балкан го споделува со вас неговиот успех токму на делот Комуникациски вештини.


Денес ја правев првата вежба – дел од комуникациските вежби . Целта на вежбата е - да се чувствувам удобно; така и беше но за кратко време.

На почетокот од вежбата низ глава ми поминуваа секакви мисли; телото ми беше паразит, но умот ми работеше забрзано. Ми се јавија секакви реакции во текот на вежбата: ми паѓаше главата, заспав… Секој нареден пат се подобро и подобро ми одеше со вежбата; станав многу поприбран со мислите; успеав да ги оттргнам лошите мисли кои ми го одвлекуваа вниманието и ме деконцентрираа во текот на вежбата. Постепено почнав удобно да се чувствувам и навистина ми беше чудно. Дишев лесно, се пронајдов самиот во себе. Тоа што го доживеав беше прекрасно.

За првпат во животот почувствував мир, го почувствував моето постоење.

Телото ми беше опуштено, немав никакви неудобности, се соочив со реалноста.

Ја почувствував моќта на бистриот ум.

Д.Т. - Студент во Нарконон Балкан

АВТОРОТ

Narconon Balkan

НАРКОНОН БАЛКАН

ЕДУКАЦИЈА И РЕХАБИЛИТАЦИЈА ОД ДРОГА

Добијте помош сега
ЈАВЕТЕ СЕ НА