Злоупотреба на Седативи и Хипнотици

Седативите и хипнотиците спаѓаат во групата на депресори на ЦНС (Централен Нервен Систем). Во оваа група спаѓаат бензодијазепините, карбаматите, хлоралхидратите, барбитуратите и барбитуроподобните супстанци. Најчесто се злоупотребуваат бензодијаземините и барбитуратите, кои се наоѓаат на четврто место на злоупотребуваните психоактивни супстанции, веднаш по кофеинот, никотинот и алкохолот, а далеку пред опијатите и психостимулансите.

Medical Drugs

Барбитуратите официјално важат за хипноседативни лекови, но се применуваат и во хируршките гранки како анестетици. Нивната подолготрајна примена предизвикува развивање на ментална и физичка зависност, со брза појава на навика, толеранција и апстиненцијални симптоми по нивниот прекин. Во најголем број случаи зависноста се развива по почетна медицинска прескрипција. Се смета дека почесто се злоупотребуваат барбитурати со брзо и кратко дејство, како што се pentobarbital и secobarbital, внесени преку уста или парентерално. Се разградуваат во црниот дроб, а се елемираат преку бубрезите, со урина. Имаат големо комулативно својство, а полека се излачуваат. Набргу по нивната примена доаѓаат до израз симптоми кои се резултат на депресија на ЦНС (Централен Нервен Систем), од лесно седативно до длабока кома. Барбитуратите предизвикуваат сон за 20-60 минути. При појава на зависност од барбитурати се јавуваат следните симптоми: малаксаност, забавено мислење, ослабната концентрација и памтење, лесно растројство на сензориумот, пореметување на координацијата, емоционална нестабилност, иритабилност и др. При хронична интоксикација се јавува и: атаксија, дизартрија, нистагмус, сметеност, раздразливост, агресивност, мнестички потешкотии, ослабен тенацитет на вниманието, тремор на рацете, следени со дисфорично – конфузно однесување. Апстиненцијалниот синдром се јавува 3 до 7 дена по прекинувањето на земање на барбитуратите и се карактеризира со вознемиреност, анксиозност, астеничност, замор, тремор, гадење, повраќање, загуба на апетит, несоница, тахикардија, болки во стомакот, грчеви. Можни се и прави психички состојби.

Medical drugs

Бензодијазепините се често препишувани официјални лекови, лесно достапни и релативно ефтини. Нивно подолго земање редовно води до појава на ментална и физичка зависност, следена толеранција и апстиненцијални симптоми, при нагло прекинување. Апстиненцијалните тешкотии се манифестираат обично третиот до седмиот ден по прекинот, со појава на зголемена анксиозност, психомоторен немир, депресивност, губење на концентрацијата и апетитот, упорни главоболки, болки во мускулите, гадење и повраќање.


Извор:

  • Психијатрија Том 2 од Георги Чадловски и сораборници
АВТОРОТ

Narconon Balkan

НАРКОНОН БАЛКАН

ЕДУКАЦИЈА И РЕХАБИЛИТАЦИЈА ОД ДРОГА

Добијте помош сега
ЈАВЕТЕ СЕ НА