Квалитетен живот без дрога и алкохол

Narconon Balkan

Се будам секое утро и не се прашувам „зошто се разбудив?“ Благодарение на придобивките со кои се стекнав низ програмата за рехабилитација во НАРКОНОН БАЛКАН веќе не го одбегнувам животот туку почнав вистински да го живеам. Омразата спрема денот кој идеше ми прерасна во радост и љубов спрема истиот. Секоја пречка почнав да ја гледам како предизвик и да уживам во решавање на истата.

„Животот ми се промени во нагорна линија, стекнав самопочит и ми се врати самодовербата.“

Станав отворен за комуникација и желен за конструктивни акции. Кај мене се отвори простор за разбирање спрема другите во вистинска смисла на зборот.

Исполнет сум со ентузијазам и светла представа за иднината. Стравот кој го имав полека исчезна и со тоа почнав да живеам квалитетен живот без дроги и алкохол. Голема благодарност до Нарконон Балкан.

К.Д. студент во Нарконон Балкан

АВТОРОТ

Narconon Balkan

НАРКОНОН БАЛКАН

ЕДУКАЦИЈА И РЕХАБИЛИТАЦИЈА ОД ДРОГА

Добијте помош сега
ЈАВЕТЕ СЕ НА