Најдобриот чекор

Денеска прв пат додека ги праевев објективните вежби видов премногу работи за мене што да ми ги кажуваше некој друг немаше во никој случај да верувам додека не осетив на своја кожа. На ова место го сакав животот, моето тело е многу поздраво и поубаво функционира. Гледам како се градам физички и психички во здрава личност. Вака никогаш се немам чувствувано полн со сила и енергија без никаков проблем. Од оваа состојба сега што сум никогаш не сум бил подобар, сум оставал дрога и предходно но никогаш не сум се осеќал толку живо и моќно. Сега сум сигурен во себе дека со идењето во Нарконон Балкан ја донесов вистинската одлука и го направив најдобриот чекор во мојот живот.
Ф.П. студент на Нарконон програмата