Патот до поголема свесност

Со овој програм научив како да ги разликувам чувствата – дали доаѓаат од тоа што некој ми кажал или од тоа како јас сам го разбрав. Сфатив дека понекогаш не се луѓето виновни што сум вознемирен, туку начинот на кој јас сум ги сфатил нивните зборови. Научив и со кои луѓе вреди да бидам во контакт, а со кои е подобро да бидам повнимателен или да најдам начин да не влегувам во непотребни расправии.
Сега знам подобро да ги препознавам моите чувства и да не носам одлуки кога сум под емоции. Најважно е дека разбрав колку е силно и корисно искреното извинување – тогаш кога навистина сум згрешил. Тоа гради доверба и мир. Исто така, сфатив дека не секогаш треба да се водам според мислењата на другите – понекогаш најдоброто е да одлучам според тоа што јас чувствувам дека е правилно.
Со овој програм станав посвесен и почнав подобро да ги разбирам и своите постапки и своите грешки. ОГРОМНА Благодарност до целиот тим на НАРКОНОН БАЛКАН!!!
В.С. Студент во Нарконон Балкан