Почеток на ВИСТИНСКИОТ ЖИВОТ

Денес на вежбите сфатив дека вистинската промена не започнува околу мене – туку во мене. Ако не сум во состојба да се прилагодам на некое место или на некого, тоа не значи дека тие се погрешни, туку дека јас имам уште работа на себеси. Престанав да се задржувам во околини што ми штетат и почнав да бирам луѓе и средини што ми носат мир и чиста енергија. Во програмата научив дека живеењето без пороци, нервози и стравови не значи изолација, туку ослободување. Кога човек ќе стане свесен за своите постапки и ќе преземе одговорност, тогаш започнува вистинскиот живот – живот во присутност и мир. Сега гледам појасно, многу сум научил од програмата, но уште повеќе од моментите кога свесно решив да не дозволам негативноста да ме повлече. Научив дека секоја мисла, секој избор, секој ден носи нова шанса да бидам подобра верзија од себеси. Животот е убав кога го гледаш со благодарност, со позитивна енергија и чиста намера. Сега знам дека нема место во мене за стари отрови, стари навики и луѓе што носат темнина. Не дозволувам никој да ми ја одземе енергијата, затоа што секоја победа, па дури и најмалата, е чекор напред кон светлината.
После секое соочување чувствувам дека сум посилен, побуден и свесен за тоа колку сум навистина способен да создадам нов живот.
Свесноста расте – ден по ден, чекор по чекор.
Најголема благодарност до целиот тим на НАРКОНОН БАЛКАН што ми покажаа дека има и друг начин на живот и тоа дека можам да успеам во истиот !!!
Б.А. Студент во Нарконон Балкан


